Трикови за подолги нозе во куси панталончиња

31 мај 2013

Летната облека не може да се замисли без шорц. Независно дали се од џинс или полесни материјали, еднобојни или со дезени, дамите ги обожуваат. Но, не сите сметаат дека имаат совршени нозе за да го носат. За тие што имаат куси нозе, постојат неколку трикови како да ги направат визуелно подолги.

Вистнски крој

Модните дизајнери предложуваат неколку едноставни трикови за да изгледате што подобро во куси панталончиња, а првата е да го најдете вистинскиот модел и крој. Заборавете на шорцевите кои ви ја оцртуваат секоја линија на телото и определете се за модел кој ќе ја прати линијата на вашето тело.

Визуелна илузија

За да изгледате што повисоки, послужете се со трикот кој го користат и светските ѕвезди. Облечете чевли во кожа боја. На овој начин се создава визуелна илузија на долги нозе на кои им нема крај. Ако носите шорц во дневна комбинација, искомбинирајте еспадрили или сандали на платформа исто така во кожа боја, за да го постигнете саканиот ефект.

Без ременчиња

Покрај бојата на чевлите, за должината на вашите нозе ќе придонесе и моделот на истите. Ако не сте многу високи, тогаш заборавете на сандалите со ременчиња, затоа што тие ви ги „скратуваат“ нозете.

Екстра трик

Освен кусите панталончиња, повторно во мода се враќаат и капри панталоните. Но, ако целта ви е нозете да ви изгледаат подолго, бирајте модели кои не се со скратена должина, туку ја пратат целата нога. Во тој случај избегнувајте и упадливи ремени, бидејки тие ќе ја поделат фигурата на два дела. Косата кренете ја во опавче, и така автоматски ќе ја издолжите целата фигура.

Вертикалните линии чинат чуда, како и моделите со висок струк.

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Направи сам
Тагови: 
совети лето нозе