Туторијал: Украсете ги омилените чизми до глужд

3 ноември 2016

Малку имагинација, креативна умешност и инвентивност се доволни од секое основно парче во вашиот гардеробер, да направите ваша уникатна и единствена верзија.

Бидејќи ова е сезона на чизми до глужд, започнете токму со нив. Разубавете ги есенските чизми на многу едноставен и практичен начин, а со видлив ефект.

Потпетиците на чизмите налепете ги со украсни детали по избор. Тоа може да бидат украсни камења, копчиња или перли. Во конкретниот пример што ние ќе ви го посочиме, чизмите се украсени со перли. Уживајте во процесот на изработка и во крајниот резултат!

Внимателно проследете ги чекорите прикажани на фотографиите.

 

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
447 пати