Водич за мажи: Модни грешки кои не смеете да си ги дозволите на работа

4 октомври 2013

Лош крој на панталони

На работното место меѓу вас имате конкуренција што не ја оценува само вашата работа туку и она што го носите. Првата кардинална грешка е да носите панталони што не ви стојат. Прешироки, прекратки или предолги, лошо скроените панталони ќе ве окарактеризираат како лош работник и тоа сигурно. Се што е потребно е посета на шнајдер, кој ќе ги среди да бидат по ваша мерка.

Ранец на грбот

Носењето ранец на вашиот грб делува незрело и детски, дури и хипи- особини кои никако не се посакувани во корпоративниот свет. Заменете го ранецот со актовка или машка стилизирана чанта. Двете ја имаат истата функција и со нив ќе изгледате зрело и професионално.

Накит

Ако сте личност која сака накит, ќе морате таа своја љубов да ја оставите дома. Непотребните парчиња како обетки, прстени и ѓердани, само покажуваат колку не сте во тек што се носи на работа а што не. Се што ви треба е добар часовник и манжетни на кошулата за да изгледате професионално и модерно.

Премногу парфем

Кога одите на работа, пожелно е да мирисате убаво, но не и со својот парфем да го уништите сетилото за мирис на о ние околу вас. Совет за посилниот пол: „не се бањајте“ во парфем. Нанесете мали количини на квалитетен парфем, а не половина шишенце. Луѓето што работат со вас сакаат да дишат свеж воздуж, а не вашиот силен парфем.

Чевли

Постојат денови кога сакате на работа да отидете во патики, со надеж дека никој нема да забележи, но верувајте дека нема да поминат незабележани. Не мора да споменуваме дека сандалите и чевлите со отвори не доаѓаат во предвид. Ако ви е напорно секој ден да бидете во класичен модел, мокасините и варијантата спортско класични обувки ќе ве спаси. Во секој случај формалните чевли на работното место се неопходни.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам