За креативци: Цветни декорации за Велигден

2 април 2020

Во април нè очекува Велигден, еден од најголемите христијански празници. Доколку сакате мисловно малку да се дистанцирате од бомбастичните информации, свртете се кон креативна работа. 

Нашите денешни предлози се однесуваат на цветни декорации за Велигден. Прилагодете се на тоа што го имате дома, за да не мора да излегувате. 

Можете да рециклирате стаклени теглички, конзерви, шишиња. Можете да ги обоите, да им залепите украсна хартија, а потоа да ги наполните со цвеќе. 

Дури и стари филџани за кафе или чај можат да ви бидат од корист сега. Можете да ставите малку земја, а потоа и лушпи од јајца со цвеќенца. Лушпите исто така исполнете ги со земја, а во неа ставете малку шеќер. Истото ова можете да го направите и во класичните кутии за јајца, кои може да ги обоите, да им додадете сено...

За поумешните, земете зелка и издлабете ја, па во неа ставете чаша со вода, во која ќе го ставите цвеќето. Изгледа необично и уникатно. Истото можете да го постигнете и со ананас, тиква...

 

На поцврст картон можете да исцртате форми во облик на јајце, зајак или што и да ви се допаѓа, па да го украсите со цвеќе, монистра, или со какви и материјали да располагате дома и да си го закачите или на влезната врата или во домот.

 

Во продолжение погледнете уште неколку идеи:

 

Објавено:
2 април 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
18.719 пати