За мажи: Како да носите кафени чевли

14 март 2016

Иако се речиси секогаш актуелни, многу мажи ги одбегнуваат кафените обувки, бидејќи им изгледаат потешки за комбинирање.

Но, и покрај тоа што не сте сигурни и ви изгледа дека ретко со што се комбинираат, вистината е дека можете да ги носите речиси со сè.

А за тоа ви е потребно само да ги испочитувате следниве шест правила:

- Основното правило е обувките да бидат за нијанса потемни од панталоните.

- Чорапите и панталоните треба да се во иста боја, а ременот да е ускладен со нијансата на чевлите.

- Беж, зелена, тегет или земјени нијанси се боите со кои можете да ги комбинирате кафените обувки (без оглед дали се посветли или потемни).

- Кафените чевли се идеални за деловни комбинации. Носете ги со одела во светлосива, тегет или темнокафена боја.

- Постои модно правило кое вели дека кафено не се носи после 18 часот, затоа кафените обувки нека доминираат во дневните, лежерни комбинации.

 - Кафените чевли никогаш не ги комбинрајте со црни панталони и елегантна вечерна облека. Тука приматот го имаат црните обувки, без исклучок.

Објавено:
14 март 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.416 пати