За ниски жени: Облека која додава сантиметри

2 јуни 2020

Доколку спаѓате во групата жени што имаат околу 160см висина или помалку, тогаш сигурни сме дека изборот на соодветна облека и шопинг не секогаш се едноставна задача.

Овој текст ви го посветуваме токму вам, па во продолжение ќе прочитате кои модни парчиња е добро да ги поседувате во гардероберот, а кои ќе придонесат визуелно за некој сантиметар повеќе.

 

Блузи и фустани со V-израз

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__) onApr 20, 2020 at 10:32pm PDT

Веќе е познато дека овој израз на деколтето визуелно го зголемува вратот, а воедно и горниот дел од телото, така што не двоумете се да имате блуза, кошула или фустан со ваков израз.

 

Панталони/ фармерки со висок струк

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onFeb 3, 2020 at 1:43am PST

За што и да се одлучите од овие две, важно е да бидат со висок струк, за да можат сразмерно да ви го нагласат телото. Кога бирате фармерки, гледајте да не се до глужд, туку малку над. Од друга страна пак, кога бирате панталони, покрај оваа миди должина, добар избор се и долги панталони, но со широки ногавици. Тие ќе ве направат визуелно повисоки, додека пак, должината до глужд ќе ви направи контра-ефект.

 

Мини здолништа и фустани (прав или А-крој)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__) onMar 7, 2020 at 12:10pm PST

Кога се работи за мини должини, тие секако добро ви прилегаат. Бирајте парчиња со рамен или А-крој, кои исто така ќе бидат во служба на тоа да изгледате повисоко. Кога носите вакви парчиња, можете да ги комбинирате дури и со чизми (позимска варијанта), ќе изгледа подеднакво добро како и на чевли со висока потпетица.

 

Миди должина

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onNov 15, 2019 at 7:43pm PST

Многумина можеби мислат дека оваа должина дополнително ќе ги „скрати“, но вистината е дека напротив, ќе им направи услуга. Ќе го истакне најдоброто од вашата фигура. Можете понекогаш, во зависност од тоа што носите, да ја истакнете половината со ремен. Доказ дека ова е добар избор за да добиете некој сантиметар повеќе се и модните комбинации што ги практикуваат познатите ѕвезди кои се пониски и од 1960. Примерот можете да го видите кај Џенифер Лопез, Ева Лонгорија, Емилија Кларк... Шлицот е исто така паметен избор во оваа комбинација.

 

Миди мантил/капут

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onMay 27, 2020 at 5:21am PDT

Покрај основните парчиња облека, миди должината практикувајте ја и кога купувате мантил или капут. Визуелно ќе ве издолжат, без разлика што носите одоздола, за разлика од кратките мантили, кои несоодветно ќе ви одземат по некој сантиметар визуелно.

 

Монохроматски стајлинг

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onMay 22, 2020 at 1:32pm PDT

Не е тајна дека еднобојните комбинации визуелно издолжуваат. Па разгледајте ги стајлинзите на Ким Кардашијан, повеќето се монохроматски и тоа во беж или црни нијанси, така што со ова не можете да направите утка.

 

Обувки со шпиц

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onMar 16, 2020 at 9:44am PDT

Професионалците велат дека ниските жени не треба да се лишуваат од ниски, односно рамни чевли. Со соодветна комбинација на облека и триковите кои веќе ги посочивме, рамните чевли воопшто нема да бидат проблем. Но, од морето модели, оние со по малку шпицест преден дел се подобар избор.

 

Еве уште неколку стајлинг предлози:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onMay 27, 2020 at 9:01am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__) onApr 5, 2020 at 5:17am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__) onMar 26, 2020 at 11:08pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onMar 28, 2020 at 4:08am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onMar 3, 2020 at 6:25am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onDec 10, 2019 at 5:19am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MICAH GIANNELI (@micahgianneli) onOct 5, 2019 at 11:11pm PDT

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onDec 7, 2019 at 11:05pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onAug 25, 2019 at 7:39pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) onJan 24, 2020 at 3:13pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) onFeb 14, 2017 at 4:02pm PST

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
15.298 пати
Тагови: 
ниски жени