За ниските девојки и жени: Модни трикови за издолжување на фигурата

14 февруари 2014

„Ситната“ градба на голем број дами претставува често и проблем при изборот на облека, затоа што како и кај сите облици на тело, така и кај т.н џебни Венери, кроевите и боите се пресудни за истакнување на предностите или недостатоците. Во продолжение прочитајте совети за тоа како да ја издолжите фигурата, а кои кроеви треба да ги избегнувате.

Со овој проблем се соочуваат и Кајли Миног, Ева Лонгорија, Шакира... Освен што воодушевуваат со својата енергија, посебно е интересна нивната смелост и начинот на кој им парираат на повисоките колешки. Тајната е во умно избраните парчиња облека, кои ја издолжуваат фигурата и ги нагласуваат предностите на „ситната“ градба.

60915006-eva-longoria-afp-haljina

1.Избегнувајте предимензионирани парчиња облека

Жените со ваква градба можат да си дозволат се, освен предимензионирани парчиња облека. Модните икони како Наташа Голденберг и Мирослава Дума дури и тоа знаат да го износат со стил, но треба да се внимава при изборот на овој тренд.

2.Златното правило- тесни кроеви, миди должини, длабоки деколтена и здолништа со висок струк

60914982

Тесните фустани кои ја истакнуваат линијата на телото се едни од парчињата што ја издолжуваат фигурата. Миди должините на фустани и здолништа складно ги издолжуваат нозете, при што идеално е да се комбинираат со горен дел кој има длабоко деколте.

60914983

 

Здолништата со висок струк се одлична помош при создавање на визуелна скадност, а во овој случај високите потпетици се задолжителни.

60915020-suknja-pencil

Што се однесува на обувките, платформите, чевли со затворена пета се одлични за ниските дами, особено кога сакаат да си поиграат со парчињата облека кои инаку не би им стоеле.

60914978

3.Кроеви што треба да се одбегнуваат

Панталони со спуштен струк и широк крој треба да се избегнуваат, затоа што ја „јадат“ фигурата и создаваат визуелно тело помало од тоа што е. Истото го прават и едноставни фустани со широк или А-крој. Здолништа во А-крој дамите со ситна градба можат да си ги дозволат само ако се плисирани или лелеави.

4.При бирањето на бои, шаренилото е грешка

Што се однесува до боите, еднобојните парчиња се повеќе прикладни од шарените, а светлите нијанси се нешто што поголемиот број жени не можат да си го дозволат, но на ниските, совршено им прилегаат. Но, од друга страна, овие дами би требало да ги избегнуваат масивните парчиња накит и големите чанти. Кога додатоците се децентни, „ситните“ жените изгледаат секогаш повеќе гламурозно.

60914956

5. Три комбинации со кои никогаш нема грешка

Работа: Малиот црн фустан најдобро изгледа на пониските жени. Со неа немојте да комбинирате балетанки, туку удобни салонки со мала пета, какви што се сега во тренд. Со таков дневен стил, одлична комбинација се струкиран миди капут, а шапките и капите се добредојдени.

60914981

Вечерно излегување: Тесни кожени панталони во комбинација со тесен горен ден и високи потпетици е модна комбинација која совршено им прилега на овој тип жени.

Свечено случување - Гламурозна сирена-фустан, со отворен грб или длабоко деколте е полн погодок, затоа што секој од овие адути на фустанот издолжува и ги сокрива недостатоците.

60915050-eva-longoria-afp-moda-stil-haljina

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам