Задолжителни парчиња за жените над 30 години

26 февруари 2014

Велат дека жените во 30-та стигнале до животниот стадиум кога се во своето најблескаво светло од неколку аспекти. Во 30-та веќе треба да сте жена со изграден стил која знае што сака. Со таков имиџ, вие никогаш не смеете да си дозволите да останете без парчињата облека и аксесоари кои ви ги посочуваме во продолжение. Тие ќе ја покажат вашата сигурност, самодоверба и селективност. Овие совети се однесуваат и за жените кои ја поминале оваа старосна возраст.

Рачен часовник

Убавиот, класичен рачен часовник секогаш изгледа добро на вашата рака. Подобро штедите и купете брендиран квалитетен часовник, отколку да трошите на оние моментално трендовски, кои денес се модерни, а утре не.

Класични чевли

Независно дали станува збор за такви на висока потпетица или рамни, важно е да ги одберите оние кои секогаш се модерни.

 

Вистинската нијанса на црвен кармин


Секси и безвременски! Со вистинската нијанса која прилега на вашиот тен, дополнително ќе ја нагласите убавината. Црвениот кармин слободно носете го преку ден, без да се чувствувате нападно. На таа возраст тој ви доликува во секоја прилика.

Сако

Во гардероберот морате да имате барем едно сако, кое ќе ви стои перфектно. Кога нема да знаете што да облечете, тоа е секогаш тука за вас.

Квалитетна чанта

Со неквалитетна и евтина чанта вие ќе делувате несериозно. Инвестирајте барем во еден модел кој никогаш нема да излезе од мода.

Парфем како слика на вашиот карактер



Вие веќе треба да имате омилен парфем, а сите ќе ве препознаваат токму по него.

Зимски капут


Добариот модел на зимски капут можете да го носите кога имате важен состанок, кога излегувате во некои други посебни прилики. Но, морате да го имате и за него никако не штедете на парите, зашто нели што е добро, тоа е скапо.

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам