Летото е супер, но не и ако често ве касаат комарци. Пронајдовме совети како на природен начин да им кажете збогум и да уживате комплетно во топлите денови.
Банана - Бананата е одлична за нашето тело и кожа, но комарците ја мразат. Изедете банана, а со внатрешната страна на лушпата, поминете ги деловите на рацете и нозете. Нема ни да ве допрат.
Лаванда - Мирисот на лаванда е убав, но комарците и не го поднесуваат баш. Во маслиново, бадемово или бејби масло, ставете неколку капки етерично масло од лаванда, и поминете го телото. Добиената смеса ќе го направи вашето тело меко, но и заштитено од досадните комарци.
Лимон или лимета - Цитрусите се како создадени за лето. Богати се со витамини, совршен додаток за освежителен напиток, но и супер помош во борбата против комарците и лек против веќе искасаните места. Исечете парче лимон, исцедете го или изедете го, а со внатрешната страна на кората, намачкајте ги деловите на кои најчесто нанесувате парфем. Онаму каде што ве каснале комарци, исто така поминете со кората и непријатното чешање ќе помине.
Јаболков оцет - Доколку често ве напаѓаат комарци, земете јаболков оцет и помешајте го со исечкан магдонос. Оставете малку да се рашири мирисот, комарците не сакаат ни да ѝ се приближат на оваа смеса.
Водка и босилек - Можеби ви изгледа како чудна комбинација, но делотворна е. Наберете свеж босилек ( една полна рака) и прелијте го со пола шолја зовриена вода. После четири часа процедете ја течноста. Во оваа мешавина додадете пола шолја водка. Добиената смеса ставете ја во шишенце со распрскувач и нанесувајте на кожата по потреба.
Декорирајте го балконот или дворот со посебен микс билки - Без разлика дали живеете во куќа или стан, секогаш можете да посадите билки кои ги одбиваат комарците. Лавандата и маточината се идеални, а можете да додадете и босилок...