Животот е деликатес на овој македонски Инстаграм профил

11 август 2022

Животот е вистински деликатес на македонскиот Инстаграм профил @dashofspicee.

Тука во една иста порција ни се сервирани превкусни рецепти, маестрално подготвени и декорирани и фантастична фотографија која ја доловува нивната магија.

А сето тоа како ентузијастички подвиг на Диана Иваноска која најпрвин храната ја „стилизира", декорира, па ја фотографира.

„Животот може да биде бескрајно вкусен...", стои во описот на нејзиниот профил на Инстаграм, а ние не можеме повеќе да се согласиме.

Од сукани пити, до ситни колачиња и десерти, намази и вегетаријански специјалитети, ова мени во кое се пресретнуваат уметноста и кулинарството, е создадено по сечиј вкус.

Издвоивме еден летен рецепт за да ви ги освежиме и „зачиниме" со прекрасни вкусови, топлите летни денови.

 

Сладолед со ф'стаци и малини

Одамна сакав да ја пробам комбинацијава и искрено немав некои големи очекувања ама ова излезе пре, предобро..

Убавината на рецептов е што не мора да користите машина за сладолед, а се добива кремаст сладолед без мразулци.
Основата е од само две состојки, без ванилата, а опциите за додатоци се бесконечни.
Може да додадете овошје по желба, јатки, карамел, чоколада...

Овојпат е со ф'стаци и малини, комбинација што мора да ја пробате.
Пишете ми како ви се допаднал.

Состојки

За сладоледот

*400 мл течна павлака за десерти по можност со млечни масти
*300 мл слатко кондензирано млеко
*1 лажиче ванила

Додатоци

100 гр ф'стаци сецкани
200 гр пире од малини (изработете ги 2,3 мин во фуд процесор)

Важно е павлаката и слаткото кондензирано млеко да бидат ладни. Оставете ги во фрижидер неколку часа најдобро преку ноќ.

Во длабок сад ставете ја павлаката и матете со миксер додека се згусне. Додадете го кондензираното млеко и ванилата и матете додека добиете изедначена смеса.
На крај додадете ги ф'стаците и малините и измешајте кратко.
Префрлете ја смесата во сад со капак и ставете ја во замрзнувач на неколку часа.
Извадете го сладоледот од замрзнувач неколку минути пред да го послужите.

Уживајте.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dash of Spice (@dashofspicee)

Објавено:
11 август 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
555 пати