30 есенски минималистички комбинации инспирирани од блогерката Хана Десаи: блејзер + панталони + маичка

13 октомври 2020

Блејзер или капут, панталони или џинс и обична маичка или блуза ја сочинуваат основната формула на софистицираниот имиџ на британската модна блогерка Хана Десаи односно @cocobeautea.

Минимализмот и монохроматската естетика ја сочинуваат есенцијата на нејзиниот стил во кој ќе се пронајдат жените кои преферираат прочистен, но впечатлив и елегантен изглед.

Речиси никогаш на нејзиниот Инстаграм профил не објавува аутфити што вклучуваат фустани или здолништа, но затоа пак сите комбинации што ги прави со панталони и џинс секогаш носат некоја беспрекорна нота на елеганција.

Всушност, нејзините секојдневни комбинаци се базирани на основни парчиња облека што сите ги имаме во плакарот, а комбинирани на умешен начин.

Периодов како што и налагаат временските услови, во нејзиниот имиџ најактуелни се мантилите, блејзерите и лесните јакни што лесно се вметнуваат во слоевити комбинации.

Објавено:
13 октомври 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
4.246 пати