Ако сакате колоритни стајлинзи инспирацијата ќе ја најдете кај Вивиана Волпичела

31 јануари 2019

Вивиана Волпичела е името на стилистка и модел од Италија. Таа е мошне позната во модната индустрија, а една од најблиските пријателки и е и уредничката на „Вог“, Ана Дел Русо.

Доколку ја следите Вивиана на социјалните мрежи, ќе забележите и зошто важи за една од најдобро облечените личности. 

Имено, таа не стравува од бои и принтови и ги усогласува мошне успешно, свежо и инспиративно.

Кроевите што ги носи се најчесто класични, но со боите внесува интензитет и раскажува посебно приказна. Исто така, кога ќе ги видите фотографиите, ја забележувате софистицираноста и леснотијата со која Италијанките ја носат облеката. Да, токму тоа - тие ја носат облеката, никогаш не и' робуваат, па делумно успехот за тоа што важат за најдобро облечени жени во светот го должат токму на таа нон-шалантност.

Кога е работата во прашање, си дозволува и поинакви стилови, бидејќи тоа и се бара од неа. Се прилагодува на потребите на клиентите. Но, во личниот стил ретко прави отстапки. 

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.760 пати