Сè почесто на светските модни писти може да видиме модели од нашиот регион. Па покрај познатите дизајнерски имиња од Балканот кои успејаа да се пробијат на светската сцена, токму моделите се нашите интернационални претставници во глобалната модна индустрија.
-Во тој правец цели и една од нашите девојки која зема се поголем замав токму во оваа професија, Ана Серафимова. Таа е една харизматична и исклучително убава Македонка по сите модни стандарди, која успешно ја гради својата кариера во изминатите три години, вели Алек Наумовски од нејзината матична модна агенција Моделс Ин.
Идеалните пропорции, специфичниот лик и исклучителната појава и ветуваат успешна интернационална кариера на која веќе Ана посветено работи.
Од нејзината матична агенција велат дека во моментов се во преговори со неколку модни агенции кои би ја застапувале на глобално ниво. Инаку Ана во моментов е дел од модната агенција MP Mega Models Miami, со која како што вели има одлична соработка.