Блогерка покажува дека некои модни комбинации изгледаат подобро на жени со облини отколку на витките

14 декември 2020

Танеса Авасти е модна блогерка, стилист, консултант и директор за медиуми во една маркетинг компанија. 

Има 39 години, мајка е на две деца, а нејзиниот блог „Girl with Curves“ (Девојка со облини) го следат речиси половина милион луѓе. 

На блогот и социјалните мрежи споделува модни комбинации, а често знае да направи споредба како една комбинација изгледа на витка жена, а како на жена со облини и да истакне на шега дека втората верзија е подобра, иако целта е да се покаже дека величината и возраста не треба да бидат никакво органичување за стилот.

Инаку, Авасти носи величина ХL, а девојките со кои ги прави споредбите се XS/Ѕ.

 

Воедно, често зборува за моментот на самоприфаќање и работењето на себе, па оттаму своите искуства ги има споделено со читателите на неколку магазини.

Инаку, блогот го стартува во 2011 година, додека работи во ИТ сектор, а со цел да сподели модни совети и да ја изрази својата модна страст, не претпоставувајќи дека ќе прерасне во медиум кој го следат огромен број луѓе. Во 2013 година ќе ја дизајнира и првата линија облека за жени со облини, а во 2014 година пак, ќе оствари соработка ос познатиот бренд за накит „Пандора“, помагајќи им околу зимската колекција. 

Многу добро ѝ е позната и на модните инсајдери, нејзиниот блог е прогласен за најдобар во 2012 и 2014 година, а била дел и од Britain's Plus Fashion Week.

Танеса потенцира дека ѝ е многу драго што со неа се идентификуваат реални жени, бидејќи тоа била и токму целта - да не се чувстваат осамено, дискриминирано, а воедно да им се покаже дека без разлика на некој килограм повеќе и облините, можат да изгледаат фантастично.

Во продолжение погледнете уште неколку предлози за инспирација:

Објавено:
14 декември 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.616 пати