ПРИКАЗНИ ОД ГРАДОТ

@boro.kosa: Успевам од малку и просечно, да направам многу и одлично

22 мај 2020

Кога ќе го видите неговиот инстаграм профил, ќе помислите дека се работи за некој што живее во некоја европска земја. И да, патувањето е негова страст, но повеќето од фотографиите се од неговиот дом во градот каде е роден – Скопје.

Се вика Боро Секуловски, и иако неговиот инстаграм профил не го следат (сè уште) илјадници луѓе, сепак е вреден за внимание и нашиот циклус со впечатливи креативни инстаграм приказни го продолжуваме токму со него.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&Skopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 12, 2019 at 2:49am PDT

 Се обидовме да дознаеме повеќе за неговото секојдневие, креативноста, за работите што го инспирираат и во кои ужива и да пренесеме уште една интересна Приказна од градот.

-Роден сум и живеам во Скопје, за мене најубавата населба во градот, Ново Лисиче. Го дишам овој скопски воздух веќе 40 години и иако животот ми даде повеќе шанси да заминам оттука, на крајот повторно изборот беше Скопје. Останав тука да работам и основав семејно фризерско студио, кое успешно работи веќе 15 години, каде што ја имам улогата на ПР во студиото, иако тие што не ме познаваат мислат дека јас сум фризерот  : ) Често пати, веројатно поради мојот изглед, ми „прилепуваат“ разни професии – дали сум пејач, па дури еднаш бев и поп : ). А јас сум само една уметничка душа, која ужива во сето она што ме опкружува, сè уште верувам во моќта на топлиот дом, хармонијата и љубовта и успевам од малку и просечно, да направам многу и одлично – го започнува разговорот Боро.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onDec 16, 2019 at 7:40am PST

И дека навистина верува во моќта на топлиот дом, може да се уверите и од инстаграм профилот, каде често споделува фотографии токму од неговиот мошне интересно и привлечно уреден дом, понекогаш и како да е од каталог.

-Ви благодарам за комплиментот, се трудам и сакам домот да ми биде најубавото место за престој, впрочем и нели така треба да биде, дома – најубаво : ). На слика личи како да е од каталог, но еве ќе споделам впечатоци од сите наши пријатели кои кога влегле кај нас дома, ги обземало чувство на топлина, спокој и позитивна енергија и коментарот „Многу ни е убаво кога ќе дојдеме кај вас“ е само одраз на тоа како и ние се чувствуваме во нашиот дом. Идеите... не знам, имаат влијание и социјалните мрежи, не можам да речам не, но дефинитивно најголемата инспирација ја добивам кога патувам и тука посебно ќе ги издвојам Скандинавија и Англија. Иако стилот на уредувањето во овие земји е различен, некако умеам да го искомбинирам тоа и да му дадам свој шмек. : ) Или како што би рекле Данците, го живеам мојот живот во HYGGE стил (топол, удобен, шармантен...) – вели Секуловски.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onAug 12, 2018 at 4:53am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onAug 31, 2019 at 11:52am PDT

Нашето внимание го привлече терасата на која изобилуваат перници и цвеќиња.

-Уредувајќи го остатокот од станот, терасата до ова конечно издание, претрпе неколку промени. Таа ни е последна средена, минатото лето. Стилот на терасата не наликува многу на тој што го имаме во станот, но тоа е нашето мало, удобно катче, кое во зависност од сезоната претрпува промени, се разбира во деталите како свеќници, перници, ќебиња и сл. Ја користиме во секој период од годината, за мене е најубава во ладен есенски ден, покриен со меко ќебе или наметка, музика за релаксација, чаша вино или топол напиток во голема шолја, затвораш очи и за миг си во било која метропола која ќе ја замислиш : ) E, јас би рекол, тоа е живот – смета Боро.

За него, домот во кој живееме, треба да е печат на нас самите. Во тој контекст го прашавме, од неговото искуство, на што најмногу обрнува внимание:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 12, 2019 at 7:09am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onDec 1, 2019 at 5:55am PST

-Домот не станува дом за една недела или месец, домот се гради со години. Не може да имаме исто уреден дом ако сме семејство или само момче или девојка. На пример, стан на едно момче би било супер да има убав бар за пијалоци, додека пак за девојка – комотна тоалета или добра библиотека, а семеен стан – пријатна трпезарија односно кујна. Но, без разлика за која варијанта се работи, без исклучок треба да има удобни перници, ќебиња и свеќи. Не штедете никогаш на свеќи – е советот на скопјанецот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onNov 3, 2016 at 2:21am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onDec 12, 2016 at 3:20am PST

Помеѓу другото, низ неговиот Инстаграм простор забележавме и фантастични фотографии со рецепти за кои пишува дека се #homemade. Го прашавме, кој е мајсторот зад тие на изглед мошне привлечни десерти и оброци:

-Со гордост ќе кажам мојата сопруга. Сите фотографии кои ги имам објавено со храна се нејзино дело, можам да кажам дека омилено катче од домот ѝ е кујната. Често пати во текот на годината организираме мали домашни забави, со нашиот круг на пријатели и роднини и секогаш се трудиме да не се повториме со менито. Вечерите приготвени за нашите пријатели се приказна сама за себе, тогаш функционираме беспрекорно – јас во декорирање на масата и амбиентот, а таа во приготвување и послужување на храната. Се трудиме амбиентот, храната и декорот да си одговараат едно со друго – ни открива Боро.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 7, 2017 at 6:08am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onApr 20, 2020 at 2:46am PDT

Но, и самиот има специфичен стил, каде понекогаш доминира црната боја, а понекогаш сосема спротивно – колоритноста.

-Во тоа како сум „стокмен“ влијаат многу работи. Најмногу пригодата за каде се спремам. Можам да се замислам во секое издание, од street style до ултра елегантно, но секогаш со сопствен печат. Колоритниот стил го сакам многу и најмногу го практикувам и кога сум на работа или кога ги завршувам секојдневните обврски. Кога станува збор за вечерни излегувања, го сакам темниот-мистичен изглед. Ултра елегантен сум имал прилика да бидам неколку пати во животот, на вечери, како и на балови, таканаречени “смотанки“ организирани од наши пријатели во Словачка – се присеќа Боро, кој не крие дека патувањата се негова посебна страст!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onAug 2, 2018 at 5:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onOct 4, 2019 at 8:16am PDT

-Уф и тоа каква страст... од патување никогаш доста. Ако почнам да зборувам нема да има крај :) Почетокот на секоја година ни го отвара планерот за патување... Први јануари попладне веќе се изготвува планот за претстојната година, каде – како – со кого – што... Забавно ми е, верувајте, а понекогаш и ми чади главата, дестинации еден тон, а време и можности ограничени. Сепак, секое патување ми е доживување само по себе. Сакам да патувам со сопругата и децата, или само со сопругата, пријателите и  сите ми се бесценети доживувања. Патувањата ми отвораат нови видици, ми нудат бројни инспирации... Кога човек патува гледа и убави и неубави работи... Се враќаш дома полн со нови впечатоци,  убавото ќе го имлементираш во живеењето, а од неубавото ќе знаеш како не треба.

Со оглед дека е има повеќе полиња на дејствување, како што и самиот ни открива во овој разговор, а на прашањето како успева да ги менаџира и во што најмногу вложува ќе рече:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onNov 7, 2019 at 9:37am PST

-Можам да ви кажам дека менаџирањето ми оди од рака. Организирана личност сум, но на моменти и спонтана. Кога станувам наутро додека не го испијам првото кратко-еспресо, не размислувам за ништо. По утринската прошетка со Лаки, мојот мал германски шпиц, следува мал семеен состаноко, кој со шолја млеко, кој со второ кафе. Сите си кажуваме кој што и како има дента да среди, направи, а понекогаш дури треба да се кренат и два прста за да се дојде со збор : )... И така, спонтано го пуштаме денот да се движи по својот тек. За мене дефинитиција за љубов и поврзаност се Ели, Арсен, Зоја и јас и тука најмногу (се) вложувам.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onFeb 24, 2020 at 9:49am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 5, 2019 at 2:13pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onFeb 29, 2020 at 9:57am PST

За периодот на изолација ќе рече дека му е максимално искористено време.

-Време да си направиме декорации, натписи, мали промени во станот, да си ги спознаеме карактерите меѓусебе со децата, како се однесуваме кога играме друштвени игри, бидејќи никогаш претходно сме немале можност за тоа... Социјалните мрежи да, ме интересираат, сакам да знам што се случува кај нас и во светот од аспект на мода, дизајн и слично. Ме опушта добра фотографија, ме засмеваат интересни статуси на наши луѓе, кои во целава луда ситуација внесуваат позитивна нишка во нашите животи. Совршенството не го пронаоѓаме, совршенството го создаваме. Останете совршено позитивни! – е пораката до нашите читатели со која го завршивме разговорот со Боро.

 А во продолжение погледнете уште неколку фотографии од неговата Инста-приказна која изгледа светски:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 21, 2020 at 10:52am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 21, 2020 at 1:20am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 19, 2020 at 5:25am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 20, 2020 at 2:50am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 20, 2020 at 10:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMay 13, 2020 at 5:42am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onApr 28, 2020 at 10:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onApr 12, 2020 at 1:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMar 8, 2020 at 3:33am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onJan 24, 2020 at 5:06am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onDec 8, 2019 at 9:30am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onNov 18, 2019 at 6:57am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onJan 19, 2019 at 2:33am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onSep 30, 2018 at 9:30am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onSep 24, 2018 at 7:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onJul 31, 2018 at 8:34am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onNov 20, 2017 at 5:16am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onOct 29, 2017 at 9:20am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onApr 20, 2017 at 7:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onMar 27, 2017 at 4:07am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by B&ESkopje/Macedonia (@boro.kosa) onJan 29, 2017 at 1:56am PST

 

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.867 пати