@curvygirlchic: Плус сајз блогерка која инспирира со колоритните комбинации

15 април 2021

Жените со облини и со некој килограм повеќе честопати имаат проблем да најдат соодветна комбинација, па дури и инспирација за стајлинзи.

Ние пак, преку нашите содржини честопати сме зборувале на оваа тема и сме посочувале интересни примери, а денес имаме уште еден мошне интересен и весел профил за препорака.

Се работи за Алисон Тенг, плус-сајз блогерка, чиј инстаграм профил @curvygirlchic го следат преку 84 илјади луѓе.

За себе ќе рече дека е страстен вљубеник во шопинг на чевли и дека од нив никогаш доста. Иако многумина сметаат дека крупните луѓе не треба да носат тесни фармерки, таа не се согласува и често ги имплементира во предлог-комбинациите.

Она што го користи како трик за визуелно да изгледа повитко се:

-сандали односно обувки во беж нијанса

-здолништа со широк крој

-фустани со миди должина

-фустани на преклоп

Она што нам ни го привлече вниманието е тоа што при создавањето на модните комбинации користи парчиња во ведри бои и принтови, па нејзиниот изглед не е ни малку досаден. Во последно време често презентира комбинации кои ги гледа на послаби девојки и покажува како истите изгледаат на неа.

А и може да послужи како одлична инспирација токму за пролетните денови.

Одвоивме неколку интересни предлози, погледнете ги и кажете ни што ви се допаѓа:

Објавено:
15 април 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
413 пати