Џејми Дорнан е новиот миленик на женската популација

30 јули 2014

Во последните неколку години тренд во филмскиот свет е појавување на нови лица кои преку ноќ стануваат ѕвезди благодарение на нивните улоги, а особено ако станува збор за машки актери кои со својот шарм и убавина освојуваат голем број женски срца. После „вампирската манија“ наречена Роберт Патинсон, време е за Џејми Дорнан во улогата на „непослушниот“ Кристијан Греј во филмот кој сите со нетрпение го очекуваме „Педесет нијанси на сиво“.

Тој неверојатно згоден, со атлетска градба, детско лице, со ненаметлив стил, заштитнички настроен и фасциниран од само една жена или со еден збор „совршенство“.

Писателката Е.Л. Џејмс успеа на специфичен начин да ги изрази сексуалните нагони, тема која сè уште претставува табу за многумина. Џејмс многу добро знае кои машки карактеристики се предмет на мечта на голем број жени и затоа решава да пишува токму за една ваква по малку специфична тема.

Токму успешниот спој на просечната и срамежлива Анастасија Стил (Дакота Џонсон) и сексапилниот и самоуверен Кристијан Греј (Џејми Дорнан) резултираа со филмот „50 нијанси на сиво“ кој деновиве буквално го окупираше етерот со лансирањето на официјалниот трејлер. Актерот Џејми Дорнан зад себе има навистина импресивна кариера како машки модел. Бил дел од кампањите за модните куќи на Диор, Долче и Габана, Армани и најпозната за Келвин Клајн, каде позира рамо до рамо со топ моделот  Кејт Мос и актерката Ева Мендес. Дорнан беше и заштитно лице за лукбукот на брендот Зара, а позирал и за Асос.

Што се однесува до неговата филмска кариера овој успешен Ирец, до сега има глумено во филмот „Марија Антоанета“, во серијата „Once Upon a Time“, а фановите на серијата  „The Fall“ се во исчекување на новата сезона во која тој ја игра улогата на сериски убиец. Иако хемијата меѓу него и Дакота на филмското платно е повеќе од очигледна, сепак во приватниот живот, шармантниот Дорнан е среќно оженет со Амелија Варнер, со која има и ќерка.

 

 

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Портфолио