Елиса Седнаоу: Девојка што навистина знае како да се облече!

28 септември 2015

Доколку немавте чуено за оваа девојка, голема е веројатноста нејзиното име и убавина да ги  забележавте во текстовите за Венецискиот филмски фестивал каде годинава таа беше домаќин.

Прекрасната Елиса Седнаоу има 27 години и многу проекти зад себе. Покрај тоа што веќе долги години е успешен модел, таа е и голем филантропист, режисер, актерка и што уште не.

Досега, можевме да ја видиме како главно лице во неколку значајни модни кампањи за големи брендови како Шанел, Армани, Роберто Кавали и уште многу други.

Како што самата ќе каже, најважната улога во нејзиниот живот е улогата на мајка која и најмногу ја променила и инспирирала да ја отвори фондацијата „Elisa Sednaoui“, која им овозможува на децата уметнички активности после училиште.

Последно нешто на што таа работи е колекцијата за италијанскиот моден бренд Yoox, со кого прават парчиња за мајките и нивните дечиња.

„Денеска можам да кажам дека мојот син ми е единствената инспирација. Јас и денеска се облекувам исто како порано, всушност, повеќе сакам да носам потпетици, бидејќи така сакам да ја истакнам женственоста. Со денешниве обврски, едвај чекам да се случи некоја модна ревија или снимање на едиторијал, бидејќи тоа е огромна забава за мене, всушност, тоа е како празник за мене“, вели Елиса.

Таа ќе каже дека сосема добро се снаоѓа во сите полиња на кои работи, бидејќи сите ги поврзува со страста кон креативноста, кон уметноста и сите убави работи на светот.

„Едноставно, тоа сум јас. Сакам да истражувам различни полиња и идеи. Не можам, и не сакам да работам една работа. Секогаш наоѓам еден вид на хармонична врска помеѓу сите проекти што ги работам. Наоѓам доволно време да му се посветам и на мојот син, работам помалку часови, но многу поквалитетно“, вели Елиса.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа е девојка која е вистински street style феномен. Речиси секогаш се одлучува за уникатни фустани, палта, костими и панталони со остар крој. Ги обожава кожените парчиња, не може без шапките, а зависна е од свилени блузи.

Во продолжение, погледнете некои од комбинациите на Елиса, девојка за која светот допрва ќе слуша.

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.622 пати