Под називот @magnolia.glamour ќе наидете на интересен, а истовремено и доста популарен профил на Инстаграм на кој секојдневно ќе прочитате корисни совети за нега и убавина.
Зад прoфилот стои фармацевтка по потекло од Македонија која живее во Франција и која своето професионално знаење го користи за да сподели значајни совети во областа на козметиката, личната хигиена, негата на кожата, лицето, косата...
Сите сме се соочиле или се соочуваме со помали или покрупни предизвици и проблеми кога е во прашање изгледот, па затоа „триковите" што ќе ни го олеснат решението се секогаш добредојдени. Па оттука и се поголемата популарност на профилот.
Што треба/ не треба да правите кај многу сува кожа, што треба/ не треба да правите кај кожа со акни, како и колку треба да нанесувате од продуктите на лицето, предлози за нега на бебешка кожа – се само дел од темите опфатени низ содржините.
Интересен и забавен е и концептот како се пренесени содржините, па во целина времето потрошено на овој Инстаграм профил ќе ви биде од корист.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram