Фарукс Шамуратов: Фризер што создава уметност на коса

21 декември 2015

Фарукс Шамуратов е фризер од Русија кој за себе вели дека создава уметност од и на коса. Неговиот талент почнува да го развива првин гледајќи ја неговата мајка, која исто така била фризерка. Заедно со своите братучеди, почнал да ѝ помага уште од 12-годишна возраст, кога и работел со некои од најголемите професионалци за коса на сите времиња. Во текот на тој период, совладал бројни техники. Денес, десет години подоцна, тој има свој салон и е првак на Русија кога се фризерските натпревари во прашање.

Фарукс Шамуратов

Фарукс многу бргу сфаќа дека тоа е многу повеќе од забава и креативна работа. За успехот на својата работа ќе каже дека е комбинација од повеќе нешта:

-Мора да ги разберете клиентите, да им посветите внимание, да ја запознаете нивната културна и културолошка заднина, личност, облик на лице, глава итн. За креативноста не постојат граници – вели младиот фризер.

Тој потенцицра и на тоа дека кога ќе ја видите неговата „Уметност на коса“ ќе знаете точно на што тој мисли. На социјалните мрежи го следат преку половина милион следбеници.

Неговиот бренд се вика токму „Уметност на коса“ (Hair Art), а покрај неверојатните фризури, тој организира и семинари, курсеви и часови за дообразување и тоа ширум светот. Бил во Париз, Шпанија, моментално живее во Лос Анџелес каде исто така го проширува своето знаење и го пренесува на други.

Во тој процес честопати повикува и други стилисти, шминкери, психолози да му помогнат да ја подобри својата философија за што подобро да ја разберат и неговите студенти и клиентите.

-Сфатив дека морам постојано да откривам нови нешта во мојата професија. Секој има свој концепт и тоа е одлично, но јас сакам да покажам дека креативноста нема граници. Имам свои техники и философија на креирање комплетен „имиџ“ и слика. Тоа се моите чувства. Постојат одредени правила во креирањето на имиџот на една личност во однос на облеката, обликот на лицето, типот... Но, последната и исто така многу важна работа е да работите брзо и внимателно. Тоа е една од работите што ми овозможи да научам и користам многу техники од различни контексти и да ги имплементирам во мојата работа – објаснува Шамуратов.

А дел од она што знае да го работи, погледнете и во продолжение:

Објавено:
21 декември 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
3.572 пати