Гала Гонзалес - Девојката која во Шпанија ја нарекуваат модна кралица

16 мај 2018

Шпанката Гала Гонзалес има 32 години и е една од најпопуларните личности во родната земја. Кариерата ја започнува како моден дизајнер, а во тоа ќе ѝ помогне и Адолфо Домингез, познат шпански дизајнер, кој воедно е и нејзин роднина.

 Покрај дизајнерството, од која љубов ќе се изродат неколку колекции, таа е и диџеј, а долги години го води и блогот Amlul.com. Пред да го започне блогот, во 2002 година основа сајт за генерирање фотографии, но ќе го купат спонзори и така ќе се роди оваа модна платформа која функционира успешно и денес.

Соработувала со бројни брендови, за облека и козметички, а за нејзиниот успех и стил пишувал дури и „Вог“.

Во моментов е на релација Њујорк-Лондон, каде живее и работи. На Инстаграм ја следат повеќе од 800.000 следбеници, а и самата ќе каже дека сè повеќе инспирацијата (за мода и работа) ја наоѓа токму на оваа социјална мрежа. 

 

„Мојот стил е еклектичен и бохо. Сакам да менувам работи колку што сум во можност, во зависност од моето расположение, но се трудам секогаш да сум во реалноста и тоа што го носам да биде реалната слика за мене. Кога се комбинациите во прашање, мојот трик е секогаш да имам добри чевли и чанта. Преферирам парчиња во црни, кафени и сини нијанси, како и нијанси на бургунди. Верувам дека ако останете доследни на својата личност, ќе успеете многу подобро да се изразите и модно, отколку постојатно да се трудите, многу да се трудите, а тоа да не сте вие“, објаснува блогерката.

На прашањето, што би требало останатите да знаат за шпанскиот стил, ќе каже:

„Сметам дека е мошне лежерен, со богата палета на земјени бои и парчиња кои лесно можат да се трансформираат од дневна во вечерна варијанта“, посочува Гала.

На нејзиниот блог можат да се најдат информации и инспирација за мода, патувања, модни недели, козметика... Беше дел и од Канскиот филмски фестивал, па ја видовме и на црвениот килим.

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMay 15, 2018 at 5:43am PDT

Ние пак, во продолжение ви презентираме дел од нејзините комбинации, што веруваме ќе ве инспирираат во контекст на модна комбинација и стајлинг:

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMay 13, 2018 at 12:18pm PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onApr 28, 2018 at 9:13pm PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMay 8, 2018 at 9:11am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onApr 23, 2018 at 12:10am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onApr 16, 2018 at 8:17am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onApr 8, 2018 at 6:17pm PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onApr 4, 2018 at 9:10am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMar 24, 2018 at 8:55am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMar 12, 2018 at 9:43am PDT

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMar 9, 2018 at 2:43am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onMar 4, 2018 at 5:19pm PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onFeb 27, 2018 at 12:16am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onFeb 20, 2018 at 8:19am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onFeb 11, 2018 at 1:41pm PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onFeb 10, 2018 at 6:50am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onDec 20, 2017 at 3:44am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onDec 7, 2017 at 6:06am PST

 

 

A post shared by Amlul.com (@galagonzalez) onNov 29, 2017 at 7:41am PST

>

 

Објавено:
16 мај 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.356 пати