Хит Инстаграм профил со комични рекреации на изгледот на познатите личности

7 септември 2022

На Инстаграм профилот на 29-годишната Британка Анџелика Хикс, @angelicahicks, ќе наидете на ултра креативна модна содржина со хумористичен контекст.

Имено, благодарение на својата имагинација и креативност, оваа девојка прави комични рекреации на стилот на познатите личности, употребувајќи „материјали" што ќе ѝ се најдат дома, при рака.

Сега е актуелен Венецискиот филмски фестивал, па Анџелика будно го следи црвениот тепих таму и веќе објави неколку рекреации инспирирани од ѕвездите што продефилираа, меѓу кои и Кејт Бланшет во аутфитот со букет, потпишан од Скјапарели, што можеби досега остави и најсилен впечаток.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Angelica Hicks (@angelicahicks)

Но, ова што го прави оваа млада девојка е нималку наивно.

Таа е многу позната илустраторка која успеа од своите илустрации да направи бренд и да склучи соработки со голем број светски познати брендови и модни магазини.

Меѓу нејзините клиенти се и Гучи, Вог, Net-A-Porter, Missoni, SoHo House Berlin и уште многу други значајни имиња во модниот бизнис.

Нејзини илустрации се наоѓаат на маичките кои се дел од лимитирана мини колекција на Гучи, а исто така се потпишува и зад мурали што се дел од маркетинг кампања на брендот.

Тоа што го прави со хумористичните рекреации кои наидуваат на големи симпатии кај нејзините следбеници, само уште повеќе ја зголемува нејзината видливост во индустријата. Покрај својот талент, очигледно и се забавува.

 

Објавено:
7 септември 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
638 пати