Поранешниот модел, а сега успешна деловна дама, Хрватката Ива Радиќ важи за една од најдобро стилизираните жени во регионот.
Во јавноста е позната како сопственичка и главен уредник на хрватскиот онлајн моден магазин Journal, а само пред неколку дена во Белград организираше голема журка по повод роденденот на нејзината медиумска модна платформа.
46-годишната Ива, сега мајка на три деца, ја започна својата кариера како модел во 1995-година, кога победи на изборот за убавина „Kraljicu Hrvatske", по што ѝ беа отворени вратите на светската модна сцена.
Имаше плодна манекенска кариера особено во 90-те кога соработуваше со светски дизајнерски имиња и најмногу беше ангажирана во Италија, Англија и Германија.
Од почетокот на 2000-те се посвети на семејниот живот и на нејзините деца, а веќе во 2012 година на голема врата влегува во деловниот свет, кога заедно со Мирела Срна, започнаа да ја уредуваат хрватската франшиза, на руската модна медиумска платформа Buro 24/7.
Во 2014 година, Ива отстапува од овој заеднички проекти и самостојно го основа својот моден магазин Journal.mk, кој воедно важи за еден од најуспешните и најпопуларните во регионот.
Низ годините, а делумно благодарение и на професијата и искуството во модниот свет, Ива изгради беспрекорен стил и несонмнено важи за една од најдобро стилизираните жени на Балканот.
Меѓу деловниот и женствениот изглед, нејзиниот имиџ е успешен баланс во кој подеднакво оставаат печат индивидуализмот и тенденциите.
Фото: Инстаграм @iva.radic