Има 75 години, дизајнира фантастичен накит и има стил на кој никој не е рамнодушен

24 август 2020

Важен е духот и како човек се договорил сам со себе, додека возраста е само бројка... 75-годишната Њујорчанка Диана Габриел е совршен пример како да се одржуваме активни и со умот и со енергијата и со креативноста во осмата деценија од животот.

Популарна е и на Инстаграм, каде вниманието ќе ви го привлече со живописниот стил, а и со исто толку атрактивниот накит што самата го дизајнира.

Впрочем, како дизајнерка на уникатен и впечатлив накит, е позната во модниот свет, но и како дама која го изострила своето стилско чувство до перфекција.

Тоа ќе го препознаете во нејзината индивдуалност и неповторливост во креативниот израз. Во едно интервју ќе каже дека за неа инспирација е легендарната Ајрис Апфел, но и Африка, што е потенцирано преку колоритната слоевитост и масивниот накит како водечка референца во нејзиниот имиџ.

Вели дека во помладите години била минималист кога е во прашање естетиката, но со текот на времето кај неа се создала желба да експерментира и да внесе доза ексцентричност. Така почнала да создава неконвенционален накит, единствено за да ги задоволи своите потреби, но околната јавност на тоа не останала рамнодушна.

Запрашана во еден разговор, што би ги посоветувала жените над 40 години, прво што потенцира е: Да изгледате добро значи да се чувствувате добро!

Затоа, работете на себе за лично да се чувствувате добро, а не за да ги задоволите критериумите на околината.

Објавено:
24 август 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.974 пати
Тагови: 
+40