Таа е една од најпознатите Србинки во светот која има неверојатна приказна која ќе го инспирира секој оној на кого му недостасува уште малку храброст да направи нешто што одамна го посакува.
Имено, Тамара Калиниќ денеска е една од најпознатите блогерки во светот со огромен број следбеници на социјалните мрежи и соработува со некои од најголемите брендови во чии парчиња постојано ја гледаме.
Светската слава ја стекна благодарение на нејзиниот одличен блог „Glam & Glitter“ на кој постојано можеме да видиме дел од нејзините шик комбинации по кои е позната.
Она што е интересно, а поврзано со неа, е тоа што таа имала одлично платена работа во фармацевтска компанија во Лондон од каде дала отказ за да ги следи своите соништа и денеска е една од најплатените блогерки во светот.
На модните недели во Њујорк, Милано и Париз таа одбра супер шик комбинации во кои го привлече вниманието на „уличните“ фотографи, па така можевме да ја видиме во голем број списанија и онлајн магазини.
Таа секогаш успева да спои супер интересни парчиња и носи некои од најпопуларните модни додатоци кои девојките ги обожаваат.
За доза инспирација оваа есен, ви пренесуваме некои од нејзините највпечатливи комбинации од модните недели што изминаа.