Инста инспирација: парижанката Луиз Фолен е новата „ИТ“ девојка
•
2 мај 2018
Вог ја нарече новата Џејн Биркин, дел е од елитната модна агенција Форд, а на Инстаграм има околу 167 илијади следбеници. Нејзиното име е Луиз Фолен, а моднит свет ја препозна како новата влијателна „ИТ" девојка.
Доколку го анализирате нејзиниот стил, првиот впечаток е дека таа и не посветува големо внимание на комбинирањето парчиња, а токму ноншалантниот пристап во дефинирањето на имиџот е момент што ја издвојува и ја прави посебна.
Уште еден визуелен, карактерен печат на нејзиниот стил е фризурата со шишки, поради кои веројатно и ја поистоветуваат со Џејн Биркин.
Очигледно е дека е фан на спортската и лежерна облека, па често во нејзиниот стил ќе забележите џинс, патики, маички на прерамки или широки кошули и панталони.
Фото извор: Инстаграм