Инстаграм инспирација директно од Париз: Леја Сфез e Французинка по сите модни правила

23 јуни 2022

Светот на модата го запознала благодарение на нејзината баба Волис Франкен, познат топ модел и муза и сопруга на францускиот моден дизајнер Клод Монтана.

Така за Леја Сфез модната е природна средина уште од најрана возраст. Денеска оваа 32-годишна парижанка е креативен директор, мајка на три деца и жена која е олицетворение на рафинираниот француски шик.

Модата е нишка која ги поврзува и нејзиниот приватен и професионален живот. Таа работи на дигитални кампањи на познати модни брендови, често е ангажирана и како заштитно лице, а за прв пат оваа сезона се појави и на писта на модната ревија на Шанел. Од друга страна пак, нејзиниот личен стил е микс од сето она што претставува француски шарм: подеднакво и елегантна и ноншалантна, со силно изразени принципи и став кој држи до нејзиниот карактер и индивидуалност.

Во една прилика ќе каже: Поместувај ги границите, за што повеќе да уживаш во животот. И токму таков е нејзиниот животен стил.

На еден совршено хармоничен начин спојува женствена естетика со унисекс парчиња, за на крајот да се чувствува и женствено и удобно во тоа што го носи.

Две модни правила ја сочинуваат нејзината формула за стил достоен да ја носи референцата француски:

-Миксајте класични со впечатливи кроеви, тренди со базични парчиња.
-Инвестирам во безвременски парчиња, такви што понатаму би можела да ги носи и мојата ќерка.

Нејзиниот Инстаграм профил е вистинска модна разгледница во која веруваме дека ќе пронајдете доза мотивација како да го донесете шмекот на Париз во вашиот гардеробер.

Фото: Инстаграм

 

 

Објавено:
23 јуни 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.317 пати