Џејмс Кицински Меккој е мајка, блогерка, стилистка, сопственичка и координаторка на продавница за облека и основач на онлајн магазинот Mothermag.com.
Нејзиниот Инстаграм профил е најубавото нешто што ќе го видите овие денови низ медиумскиот простор.
На социјалната мрежа ќе ја најдете под псевдонимот Bleubird, а Инстаграм профилот таа го користи да ни прикаже делови од нејзиното прекрасно секојдневние со нејзините четири деца и работните и домашни обврски.
Она со што таа секогаш нѐ изненадува е нејзината едноставност при комбинирањето на парчињата кои се секогаш толку уникатни и на некој начин специјални.
Постепено, токму поради фантастичните комбинации и сите работи што ги прави, бројот на следбеници на нејзиниот Инстаграм профил почна да расте навистина брзо со што уште еднаш се докажа дека оваа девојка навистина има што да каже.
На нејзиниот онлајн магазин Mothermag ќе најдете бројни совети за мода, убавина, ентериер, храна, патувања, семејство и што уште не, што го прави подеднакво интересен за многу категории луѓе.
Нејзината продавница Two Son таа ја основаше заедно со сопругот кој инаку е фотограф, а во истата ќе најдете женска и машка облека, козметички производи и детали за уредување на домот.
Доколку ви требаше инспирација и освежување на секојдневието на социјалните мрежи, тогаш оваа успешна девојка е дефинитивно пример кој треба да се следи.
Извор: Journal.hr