Високите температури овие летни денови, удобноста ја ставаат меѓу приоритетите кога е во прашање нашиот летен стил.
Но, тоа не значи дека кога бираме удобност ја исклучуваме елеганцијата.
Напротив, елеганција и удобност може одлично да функционираат заедно, како по примерот на Инстаграм профилот @mildagud.
Милда Гуд е креаторка на модни содржини, со адреса во Лондон. Нејзиниот Инстаграм профил е илустрација како елеганцијата истовремено може да биде пријатна за носење и тоа е водечката карактеристика на нејзиниот имиџ.
Есенцијални парчиња, минималистички пристап и неутрална палета на бои како одлична опција за префинет и практичен изглед во лето, на високи температури.
Бермуди со висок струк, кошули на риги, ленени панталони и фустани, сламени шешири, тегет-бели морнарски маички, масивни очила за сонце, удобни ниски чевли или сандали – за летен плакар во кој се пресретнуваат софистицираноста и лежерноста.
Фото: Инстаграм