Инстаграм профилот на Македонка во Дизелдорф препознатлив по сините нијанси

8 мај 2020

„Листајќи“ низ Инстаграм мрежата, го забележавме профилот @bpljakov. Зад него стои Елизабета Пљаков, Македонка која веќе шест години живее со семејството во Дизелдорф.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onFeb 4, 2020 at 12:07pm PST

Она што ни го привлече вниманието е што речиси целиот профил изобилува со сини нијанси, една малку ретро атмосфера во комбинација со сјај.

Ја следат речиси 20.000 луѓе, а како вели, од неодамна успеала да се запознае и со начините на заработка од оваа социјална мрежа.

„Се решивме да дојдеме тука како и многу млади Македонци за да си овозможиме подобар живот. На почетокот на мојот престој имав повеќе време и почнав многу поинтензивно да се занимавам со инстаграм и следење на светските трендови за социјалните медиуми и бев уверена дека можам да дојдам до тој степен и да заработувам нешто од тоа“, ја започнува приказната Бети.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onFeb 10, 2020 at 2:52am PST

 И покрај исполнетиот живот во Германија, сепак доаѓаат и во Македонија. Сега секако, тоа не е можно.

Има 35 години и тригодишна ќерка, па на профилот споделува и дел од активностите за или со неа.

„Во текот на растењето на ќерката бидејки бев цело време дома добивав различни креативни идеии и смисол за креирање на содржини и фотографии со кој би можела да ги презентирам и рекламирам некои помалку или повеќе познати брендови со цел да дојдам до некоја заработка . Сликањето и правењето на содржини ми преставува забава и тоа ме исполнува и го правам со љубов од срце и внимание , и мислам тука е клучниот момент за тоа како да направам успешна фотографија“, вели блогерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onApr 27, 2020 at 4:41am PDT

Со пандемијата и животот таму добива забавено темпо, кое инаку не е својствено.

„Животот во Дизелдорф е доста динамичен и треба да ти е добро организиран за да стасаш да направиш неколку добри фотографии , да го анимираш детето , да му се задоволат потребите на детето и да се завршат домашните обврски , особено ме радува кога времето е сончево или светло добивам поттик и идеја за некоја нова фотографија“, изјави Пљаков.

Таа додава дека во моментов соработува со неколку брендови, но дека во време на изолација да се стаса сè на време знае да биде вистински предизвик.

„ Временски тешко е да се стаса сè, бидејќи детето не е во градинка, а не може било каде да се изнесе во парк и за тоа бара многу поголемо внимание и одзема повеќе време“, што е само показател дека без разлика на дистанцата, во периодов (а и инаку), сите се соочуваме со исти проблеми.

Во продолжение погледнете уште некоја од фотографиите што нам ни го привлекоа вниманието.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onMay 6, 2020 at 11:18am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onMay 4, 2020 at 9:28am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onMay 3, 2020 at 3:25am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onApr 28, 2020 at 6:58am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onApr 26, 2020 at 1:13am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onMar 12, 2020 at 3:48am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onMar 6, 2020 at 6:27am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onFeb 24, 2020 at 11:54am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onFeb 12, 2020 at 4:37am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onFeb 11, 2020 at 2:17am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onDec 26, 2019 at 3:53am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onJul 12, 2019 at 5:12am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onNov 21, 2018 at 2:12am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betty (@bpljakov) onNov 20, 2019 at 7:33am PST

Објавено:
8 мај 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
6.747 пати