Инстаграм стил: Нина Бадриќ оваа пролет ја обои во смели бои

20 мај 2022

На пролетта ѝ прилега колор. Во модна смисла, во пролет не се штеди на боја во плакарот. Дури и ако сте резервирани во тој поглед, пролет е идеалната сезона кога може да отстапите барем малку простор за колорен интензитет и со тоа да покажете моден ентузијазам.

Погледнете го примерот на Нина Бадриќ. Ако го отворите нејзиниот профил на Инстаграм, ќе наидете на една прекрасна палета на силни и интензивни бои.

Таа покажа стилска смелост и оваа сезона во својот имиџ отстапи доминатно место за неон жолта, магента розова, впечатлива портокалова, индиго сина...

И ќе признаеме дека далматинскиот темперамент складно оди во комбинација со впечатливите нијанси, а Нина знае како да ги носи.

Во нејзиниот стил преовладуваат женствените и елегантни парчиња, а тоа што оваа пролет бира токму такви во силни бои, нејзиниот имиџ го прават уште поатрактивен.

За сите кои со доза на резервираност им пристапуваат на боите, ова нека биде инспиративен пример како да го обоите вашиот плакар оваа сезона.

 

Објавено:
20 мај 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.181 пати