ГОРДАНА ДИМИТРИЈЕВИЌ

Ја напушта Босна во време на војна и оди во Париз: Денес француските блогерки ги обожуваат нејзините чевли

27 август 2021

Денешното портфолио го посветуваме на Гордана Димитријевиќ, дизајнерка на чевли.

Родена е во Босна, во Сараево, но во 1995 година го напушта родното место поради војна и заминува во Париз. Со оглед на тоа дека во Босна студирала економија, верува дека образованието ќе го продолжи во Франција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

Но, бидејќи сфаќа дека мора да почне од нула, прави сосема поинаква одлука. Ако веќе почнува се' одново тогаш ќе биде нешто за што отсекогаш сонувала - да стане дизајнер.

Нејзината првична замисла е да биде дизајнер на облека. Се распрашувала каде може да го добие најдобро образование и покрај тоа што речиси сите ѝ велеле дека шансите да успее се еднакви на нула - ниту знаела да црта, ниту пак добро го познавала јазикот.

-Храбро тропнав на врата на една од најпознатите француски модни школи. Немав ниту еден цртеж, затоа што никогаш претходно не сум цртала. После долг разговор со директорката на училиштето која е мошне важна фигура во француската мода, таа ме фати за рака и рече: „Вие ќе бидете дизајнер, сигурна сум во тоа. А тоа што не знаете да цртате е супер, бидејќи јас ќе ве научам се'. Полесно е да научиш некого да црта, отколку да му ги исправаш лошите цртежи - изјави Гордана во едно интервју.

Петнаесет години подоцна, во 2015 година, таа ќе дојде на отворањето на продавницата на Гордана и  на брендот кој го носи нејзиното име, горда што не згрешила во проценката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

Но, Гордана денеска е познат дизајнер на чевли, не на облека, а тоа се' благодарение на еден конкурс на Салваторе Ферагамо.

„Тој организираше натпревар за студенти по мода. Требаше да се дизајнира еден чевел, но и да се изработи. Јас секако немав средства за да платам некој да ми ја направи, па морав сама да склопам една сандала, бидејќи тоа ми беше најлесно да изработам сама. Ја пратив на конкурсот и после околу два месеци добив покана од Ферагамо да појдам на разговор за работа. Не можев да почнам да работам кај нив поради „административни“ препреки, бидејќи во Франција имав статус на „бегалец“, но во тој момент сфатив дека чевлите се она што сакам да го дизајнирам“, објаснува Гордана за босанскиот сајт „Аваз“.  

Кариерата ја започнува работејќи за други брендови, за како што споменавме, во 2015 да отвори своја продавница во Париз. Храбар чекор со оглед на тоа бара и финансиски влог, но и шансите за успех се ризични. Брендот го носи нејзиното име и презиме, а вели намерно ја оставила и последната буква од презимето, без било какви француски додатоци, за да го сочува својот идентитет, бидејќи без разлика што во Париз се чувствува како дома, сепак во душа е сарајка и тоа не сака никогаш да го изгуби.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

И покрај тоа што има свој бренд, се уште работи за уште два бренда како креативен директор  и дизајнер, бидејќи тоа ѝ е многу важно и потребно за да не биде постојано фокусирана на себе.

Нејзините чевли се впечатливи, често вклучуваат сјај и интензивни бои, па не требало многу време да ги привлече француските блогерки.

„Денес и брендови како „Диор“ се борат за наклонетоста на модните блогерки. Повеќе се исплати да вложиш во таква реклама, отколку во една страница во „Ел“ магазин на пример“, вели Димитријевиќ, која има блогерки за редовни клиенти кои секако придонесуваат за тоа нејзиниот бренд да опстои веќе шеста година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by bureau badass (@bureaubadass)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Altitude (@jhaltitude)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alina Tanasa (@fabmusealina)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GORDANA (@gordanadimitrijevic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Camille (@ritalechat)

Објавено:
27 август 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
6.841 пати