Ја нарекуваат новата Џоли – ова е Руби Роуз

26 јуни 2015

Нејзиниот гардеробер е полн со машка облека, таа е новата геј икона, изгледа магично, веќе е успешно лице во модната индустрија, а поради изгледот и „дивиот карактер“ ја споредуваат со Анџелина Џоли во нејзината рана младост – ова е Руби Роуз.

Американската јавност ја разбранува со нејзиното експлицитно појавување  во третата сезона на серијата „Orange Is The New Black“ каде во една сцена се покажа целосно гола.

Сега е веќе една од најозборуваните личности во шоу бизнисот, поради нејзиниот ексцентричен трансродов изглед, нејзината животна приказна, сексуалната ориентација и неконвенционалниот стил во кој целосно го практикува момчешкиот изглед.

29-годишната австралијанка пораснала како дете на самохрана мајка и имала прилично тешко детство.

„Живеевме насекаде. Некогаш преспивавме по туѓи дворови или кај мојата баба. Во средно училиште честопати ме исмеваа моите врсници бидејќи не изгледав како повеќето девојчиња. Се облекував како машко, ги лепев градите со завој за да ги сокријам“, отворено зборува Руби за магазниот Vanity Fair.

Но, работите се менуваат во 2002 година кога ја започнала нејзината кариера како модел.  Тогаш се пријавила во натпреварот за лице на австралискиот магазин Girlfriend и завршила втора, зад својата поранешна девојка, познатиот австралиски модел Кетрин Мекнеил.

Нејзината неодолива убавина не останала незабележана, па веднаш потоа добила ангажман за MTV, по што следува и нејзината линија на „street“ облека.

Светска популарност стекнува со видеото „Break Free“ со кое го привлекува вниманието на трансродовата популација.

Во моментот Руби е заштитно лице на козметичкиот гигант Maybelline за Австралија, а судејќи по нејзината популарност со појавувањето во серијата Orange Is The New Black“, очекувањата за прогресот во нејзината кариера се огромни.

 

 

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Портфолио