Јара Шахиди е една од новите ТВ ѕвезди кои публиката не може, а да не ги сака. Оваа актерка, модел и активистка плени со својата позитивна енергија и широка насмевка која е нејзиниот главен адут.
Таа е ѕвезда на популарното шоу на ABC „Black-ish“, а истовремено и активистка која се бори за правата на младите луѓе и нивното право на глас и учество во политиката.
crossroads trading
Нејзиното здружение е место на кое се собираат средношколци и слободно можат да разговараат за социјални теми што ги засегаат и заеднички да бараат решение на проблемите.
Instagram
Таа има работено и со поранешната прва дама Мишел Обама со која постојано се обидуваат да најдат начин како да ги натераат сите млади луѓе да гласаат на изборите.
E News
Покрај неверојатната кариера како активист, таа е дел од бројни кампањи за популарни модни брендови, а има снимено и бројни фотосесии за некои од најпопуларните модни магазини.
Glamour
Дека има беспрекорен и навистина уникатен стил можеме да забележиме и преку нејзините фотографии на Инстаграм профилот од кој можеме да заклучиме дека сака едноставни и шик парчиња.
Yahoo
Најчесто комбинира џинс со разни блузички, но на гостувањата и јавните појавувања многу често можеме да ја видиме во неодоливи фустанчиња, женски костими или парчиња преку кои сака да испрати некоја порака.
Net a porter
Според фотографиите, можеме да забележиме дека нејзината мајка е дефинитивно жената на која најмногу се огледува, а истото ќе го потврди и во едно неодамнешно интервју за магазинот Adage.
Она што е посебно кај оваа 18 – годишна девојка е тоа што комплетно сака да ја искористи својата слава за да им помогне на младите луѓе во решавање на некои од нивните најголеми проблеми и да ги актуелизира сите теми интересни за нив.
Instagram
Благодарение на нејзината исклучителна работа и одличен успех, со помош на писмо од Мишел Обама, оваа есен таа ќе почне да студира на престижниот Харвард за што ќе каже дека особено се радува.