Која е Мирослава Дамјановиќ, првата дама на српското Buro.?

18 март 2019

Следниот месец и официјално се очекува да почне со работа српската верзија на познатиот онлајн магазин за мода Buro.

Основачи на српската верзија на платформата се Милан Ѓачиќ, Ненад Јањатовиќ и единствената дама, Мирослава Дамјановиќ како сопственици на медиумската компанија Pood Boutique Media House.

Пред лансирањето на порталот, Мирослава беше дел од супер едиторијал и интервју за хрватското Buro., а читателите имаа можност да се запознаат со нејзината работа и беспрекорен стил.

Таа долги години живее во Сеул со нејзиниот сопруг и децата, а позната е по тоа дека не сака да се експонира по јавни настани, ниту пак медиумите да пишуваат за нејзиниот приватен живот.

Како што ќе каже во интервјуто за порталот, не сака многу шминка, што може и да забележиме, обожава женски дружби, сака добра домашна храна, а отсекогаш имала желба да отвори портал како што е Buro.

Нејзиниот стил го опишува со зборовите лежерен, еклектичен и храбар, а како омилени пролетни парчиња ги издвојува килотите и добрата јакна.

На прашањето кои пет парчиња вечно би ги чувала во плакарот,  таа одговара:

-Кожената јакна што ми е подарок од родителите, црниот фустан на тенки прерамки од Милица Опачиќ, Шанел чанта, широкиот крем фустан на преклоп од еден корејски дизајнер и Сен Лоран фармерките со потпис на Хеди Слимејн.

Нејзиниот омилен бренд е Диор, особено по доаѓањето на Марија Грација Кјури, а супер парчиња наоѓа и кај корејските брендови и нејзините омилени српски дизајнерки Милица Опачиќ и Марија Тарлаќ.

Кога нема време и мора да се подготви за пет минути, најдобрата можна комбинација вели дека е онаа составена од супер кул јакна, фармерки и патики.

Додава и дека не и е жал да потроши пари за интересни и несекојдневни парчиња од не толку познати дизајнери, бидејќи токму тие се безвременски и нејзини омилени.

Како што и самата новинарка ќе потенцира, Мирослава е едноставна и неверојатно опуштена, па воопшто не беше за изненадување фактот што таа не сака да носи провокативни, нападни и секси парчиња.

Првата дама на српското Buro., веќе долги години живее во Сеул, а за модата таму вели:

-Корејките посветуваат многу големо внимание на изгледот, на негата на кожата и воопшто на стилот на живеење. На нив никогаш ништо не е премногу впечатливо, на нив никогаш нема да видите ИТ парчиња, туку едноставно ја гледате нивната личност, како што и треба да биде.

За тоа како ги замислува Buro. девојките, Мирослава вели дека тоа се стилски девојки кои сакаат нови информации, љубопитни се и храбри.

Инфо: Buro 24.7 hr

Фото: Danilo Pavlovic

Објавено:
18 март 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
431 пати