Kомбинации за 5+: Совршена модна есен на Инстаграм профилот на блогерката @aydahadi

4 ноември 2020

Со 395 илјади следбеници на Инстаграм, а чиј број забрзано расте, амбициозната модна блогерка Аида Хади благодарение на својот добро промислен стил, е се попопуларна во модните кругови.

Оваа девојка која живее во Хановер, Германија и кај која постои сестран интерес за различни сфери на креативноста па покрај мода, се интересира и за ентериерно уредување, е пример како актуелните трендови може да ги насочиме во прилог и потенцирање на личниот стил.

Па така во нејзините комбинации секогаш ќе препознаете по некој сегмент од сезонските тенденции, но функционално вметнати во нејзиниот препознатлив личен имиџ.

Со тоа секогаш доминира нејзината индивидуалност наспроти трендовите.

Оваа есен на нејзиниот Инстаграм профил е особено романтична, обоена во тоновите на актуелното годишно време, со акцент на топлите и удобни плетенини и меките ткаенини.

Во нејзиниот стил ќе се препознаат и деловните жени, кои преферираат дозирана елеганција и женственост, затоа што Аида својот стил го базира токму на базични парчиња облека што може да се надоградуваат во различни стилски насоки.

Објавено:
4 ноември 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
5.234 пати