Мајка Џанели: Вистински пример за успешна и сестрана жена во модната индустрија

19 септември 2014

Мајка Џанели е позната австралиска блогерка. Блогот го основа во 2011 година, пред тоа работи како стилист, а има познавања и од моден дизајн.  Истата година таа осварува соработка и со големи модни имиња, меѓу кои и Топшоп, каде што беше главен стилист, а работеше и под логото на тимот на Oxford Circus, а беше дел и од Лореал модниот фестивал во Мелбурн, каде всушност беше амбасадор на брендот за 2012 година, а и гостуваше во нивната кампања.

Во нејзиното портфолио влегува и соработката со Mimco за кампањата 2012/13 во Палм Спрингс, заедно со Џесика Гомез. Исто така, соработувала и со брендови, а во низата искуства е и дизајнирањето на нејзина сопствена линија, која ја лансираше кон крајот на 2013 година. Без разлика на брендот или проектот на кој што работи, Мајка посебно внимание обврнува на деталите и квалитетот. Тоа е една од причините зошто на многумина им е омилена.

Преку нејзините комбинации всушност таа ја дава својата замисла за тоа како треба да изгледа еден модерна жена секој ден. Според неа жената треба да биде самоуверена, интелигентна и креативна, а и самата е таа. Мајка е модерна, дури до непогрешливост, женствена, а сепак знае да го искаже и андрогениот смисол за стил. Токму затоа и голем број нејзини следбеници ја пронаоѓаат инспирацијата во неа.

Во нејзиното CV под точката занимање и досегашно искуство се наведени: моден и lifestyle блогер, модел, стилист, креативен директор, дизајнер и дизајн консултант, фотограф, специјалист за пост-продукција, веб и графички дизајнер. Токму тоа и овозможило голем број соработки, медиумска експонираности и успех. Во продолжение ви презентираме дел од нејзините комбинации, за кои, ако сте вистински љубители на модата, веруваме нема да останете рамнодушни:

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Портфолио