Малума – од локален фудбалер до светска ѕвезда

28 јануари 2021

Талија, Шакира, Рики Мартин се само дел од познатите имиња со кои ова 23-годишно момче оствари соработка и се вивна во ѕвездите. Марк Ентони пак, му е еден од најдобрите пријатели и поддржувачи, кој го следи речиси на секој концерт.

Роден е на 28 јануари 1994 година во Меделин, Колумбија. Вистинското име му е Хуан Луис Лондоњо Ариас, а Малума е спој на првите букви од името на неговите родители и сестра.

Како средношколец сонува за многу нешта – и големи и мали – да си фати девојка, да игра фудбал, да ја запознае Шакира и да го посети Лос Анџелес.

Но, кога мечтаел за ова, веројатно не ни претпоставил дека ќе има дует со Шакира, а дека фудбалот нема да биде негова примарна професија и дека токму пеењето ќе му овозможи да го посети Лос Анџелес.

„Секогаш си мечтаев за нешто. Кориците и листовите на училишните тетратки ми беа исполнети со песни. Другарите ме молеа да пишувам писма за нивните поранешни девојки, за да ги вратат назад. Но, си помислив, би требало да пишувам песни за себе. Во училница, во автобус, секој слободен момент го користел за пишување на песни и мелодии. Таму каде што живеев, денс латино ритамот со ар-ен-би моменти или хип хоп беше хит – објаснува музичарот.

Паралелно со музиката, играл фудбал. Всушност, се мислело дека ќе биде идното големо фудбалско име во Колумбија.

„Ќе излеззев од часови, ќе играв фудбал со часови, а потоа одев да снимам. Спиев само четири часа“, раскажува Малума за „Билброд“. 

После некое време одлучува да ја пропушти шансата да настапува за националниот тим, одлука што вели, тешко ја поднело неговото семејство, особено татко му.

„За малку ќе доживееше инфаркт. Тоа беше како да раскинувам со љубовта на мојот живот. Болеше. Но, јас видов шанса и морав да ја искористам“, вели ѕвездата.

И не згреши. Неговите песни се снимија. Почна да настапува во локални училишта, тоа го документираше и го споделуваше на социјалните мрежи. А потоа следеше пробивањето по локалните радио станици.

Првиот голем успех го доживува со песната „Farandulera“ за која има и видео, а која му носи и бројни обожаватели.

„Сони Мјузик“ ќе го види неговиот потенцијал и почнува да се грижи за неговата кариера, која од 2010 до сега оди само во нагорна линија.

Во 2012 го снима првиот албум „Magia“, а синглот „La Temperatura“ успева да се искачи на 24-тото место на „Billboard Hot Latin Songs“. Тоа му ја носи номинацијата и на „MTV Europe Music Award for Best Latin America Central Act“, „ Latin Grammy Award for Best New Artist“.

„По тоа, сè што сакав е да направам нов добар албум“, вели Малума.

Во 2015 година го издава албумот „Pretty Boy/Dirty Boy“, кој е урбан и брз.

„Публиката ме запозна по пеењето романтични балади, посветени на жени, но јас можам да бидам и момчето за кое ќе зборуваат како не можам да имам само една девојка“, се присетува музичарот.

Песната „Cuatro Babys“ ќе ги налути феминистките и тие ќе покренат петиција песната да не се емитува. Потоа, ќе следат и озборувањата околу неговата тетка, која е актерка, модел и јога инструктор, а воедно е негов менаџер. Како некој што е постојано активен на социјалните мрежи, тој во повеќе наврати споделува фотографии и со неа, за кои повеќето ќе кажат дека изгледаат на љубовни, а не родниниски фотографии. Сепак, и двајцата ќе речат дека бескрајно многу се сакаат и почитуваат и тоа е сè.

„Во Латинска Америка, луѓето сакаат да пишувате убави мелодии и зборови. Но, исто така поминуваат добро и песни што покажуваат реални ситуации од животот“.

„Chantaje“ во која соработува со Шакира е првата песна што ќе го донесе Малума на „Billboard Hot 100 hit“ листата, пласирајќи се на 51-вото место.

„Сите мислам дека ова е бајка, остварување на сон, но навечер, често останувам сам и се ѕверам во ѕидовите на хотелот. Но, тоа е животот што јас го одбрав. За сега сум сам, а барам девојка, жена која е интелигентна, емотивна, но која исто така ќе може да се справи со мојот луд живот“, открива Малума.

Ова веројатно ќе го привлече вниманието на девојчињата кои лудуваат по него, бидејќи освен музиката, факт е дека и изгледот многу му помогнал, па дури го нарекуваат и „Џастин Бибер од Колумбија“.

Песна која ја издаде во април 2017 „Felices Los 4“ има преку милијарда сто шесеет милиони прегледи, a во ноември 2017 ја издаде и „Corazon“, со што го најави албумот F.A.M.E

Веќе во 2018 преку турнејата 11:11 World Tour, го најавува истоимениот албум, а во 2020 година сосем изненадно, Малума ги почестува своите фанови со уште еден албум. Него го предводат хитовите ADMV и Hawái, а албумот го носи името Papi  Juancho.

Новиот негов сон е да соработува со неговиот херој Џастин Тимберлејк.

„Сакам да бидам комплетно мејнстрим. Но, ветувам дека секогаш ќе пеам на шпански или барем шпанско-англиски. Сакам да преминам и на другата страна, но не на начин на кој ќе ја напуштам или оставам мојата публика назад“, признава музичарот.

Неговите модни избори се фасцинантни, храбри и смели. Малума не се плаши од бои, од комбинирање на неспоивото, а честопати е и вистинска инспирација за дизајнерите. Така во 2018 се прошета на пистата за презентација на есенската колекција на Долче и Габана. На покана на тогашниот креативен директор на машка гардера во Диор, Ким Џонс, Малума настапи на Модната недела во Мајами.

 Од август минатата година, Малума е во врска со архитектката Сузана Гомез. На неговиот Инстаграм пред неколку дена беше објавена фотографија која предизвика лавина реакции кај фановите. На фотографијата е пејачот кој го бакнува стомакот на својата сакана, а на него пишува „#7DJ“. Дали Малума го најавува новиот албум или принова во семејството, останува да видиме. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MALUMA (@maluma)

фото извор: Pinterest.com; Instragram.com; 

извор: Billboard.com;

Објавено:
28 јануари 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.295 пати