Мери Хауард: Закон за фото-сетови

7 декември 2015

И покрај тоа што на многумина модните едиторијали им изгледаат како нешто лесно, сепак тоа е работа што вклучува многу труд и талент на повеќе луѓе.

Во дел од најспектакуларните едиторијали учествувала и Мери Хауард. Всушност таа била задолжена за сетовите, по кои и тие останале запаметени. Талентот ѝ овозможил да работи со некои од најпознатите фотографи како Стивен Мајсел, Патрик Демарчелиер, Ени Лебовиц, со која работеа заедно на најновиот „Пирели“ календар.

Мери Хауард

Таа за секој едиторијал темата ја проучува со недели однапред, собирајќи факти за сè, од ликацијата до референците на фотографите...

Дел од тајните за успехот, ги сподели и со Vogue.com, а дел од интервјуто ви пренесуваме во продолжение:

Кое е првото сликање што го имавте за американското издание на Vogue?

-Мислам дека беше Grace со Вејн Мејсер?! И поздината со зебрени шари... Беше тоа многу одамна. Но, мислам дека најраниот и најзапаметен можеби беше едиторијалот „Twelve Days of Christmas“, приказна што ја создаовме со Стивен Мејсел за декемврискиот број 1998 година.

Вашата работа во модата е константна. Како влијаеја промените во модната фотографија на тоа што го правите Вие?

-Сè е многу побрзо. Во раните години имавме можеби 100 сликања годишно. Сега, моето студио реализира речиси 700 сликања за една година. Исто така, преминот од филмска на дигитална фотографија влијаеше за создавање на нови елементи и нова „слика“ за сетовите.

За секое сликање правите опширно истражување, но што е највредниот и исплатлив дел од подготовките за сликањето?

-Би рекла дека тоа е делот со откривањето. Да смислите и откриете како ќе изгледа моделот и сетот. Некогаш е многу едноставно или специфично, па нема потреба да се истражува премногу. Но, често е идеја што мора да се разработи или трансформира. Постои голем материјал со кој се сретнувам во текот на подготовките, кои наговестуваат што ќе донесам на сетот. Трансформацијата потоа може да продолжи на сет, особено кога ќе ја видите реалната состојба. Тогаш се додаваат или одземаат работи. Може да биде константен процес на уредување, истражување, развивање, сè додека не се оформи и последната фотографија.

Со оглед на тоа дека правите толку многу сетови, како ги одржувате идеите и концептите свежи?

-Тоа е нешто што постојано ме загрижува, особено бидејќи не сакам да се повторувам, ниту да гледам наназад. Важно ми е да ја „бутнеме“фотографијата напред. Мислам дека е важно да се биде свесен за фотографиите и да размислувате за тоа што може да биде ново, свежо во фотографијата. Тоа е процес што вклучува знаење од она што било порано, да позајмите нешто од тоа, а потоа да додадете нешто ново, нова димензија...

Кои се Вашите омилени места од каде наоѓате материјали за Вашето студио?

-Омилените нешта ги наоѓам на улица – стар мебел на пример. За некои дребулии или материјали одличен е пазарот за стари работи во Париз. Постојат и неколку продавници во Њујорк кои се скриени богатства кои често ги посетувам.

Според Вас, како ќе изгледа иднината на продукцискиот дизајн?

-Времето кога јас почнував и ова време денес се многу различни. Новите сет-дизајнери морат да направат многу одлуки и да бидат брзи, да го следат времето. Ние имавме многу повеќе време. Тогаш и јас мислев дека немаме, но споредбено со сега, не било така. Сет или продукциските дизајнери се неопеани херои. Ние сме првите што доаѓаме на сет и последните што си заминуваат. Ние го креираме светот, визуелното претставување, метафоричноста и се надевам дека сите луѓе што се занимаваат со ова ќе добијат поголеми признанија за улогата во креирањето на крајниот изглед на фотографиите. Во иднина сакам да ги видам сите дизајнери да дадат максимална оригиналност и иновација.

Во продолжение погледне дел од најдобрите сетови на Мери направени за Vogue:

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
249 пати