На овој Инстаграм профил никогаш не му недостасува колор – „Виножито“ од модни комбинации

21 август 2023

„Пријателите ме нарекуваат виножито", вака ќе ве пречека блогерката Влада Аворнич на својот Инстаграм профил @vlada.avornic и веднаш ќе ви стане јасно зошто е тоа така.

Вистинско виножито од бои, максимализам и еклектика во кои оваа романска стилска девојка се чувствува самоуверено и среќно.

Иако многумина веројатно не би се обиделе да го копираат нејзиниот стил, што патем е исклучително експресивен, сепак можеби ќе ве убеди некогаш да се охрабрите да експериментирате со боите со оглед на тоа дека крајниот резултат е секогаш одлично искомбиниран аутфит.

Ако ги анализирате нејзините фотографии, ќе забележите моменти кога во однос на пристапот многу наликува на стилот на познатата Ајрис Апфел. Микс на ултра впечатливи дезени, волуменозни форми, „неспоиви" миксови, како и масивните очила за сонце – се заеднички карактеристики, но имплементирани на различен начин.

Ако ви недостасува поттик да внесете малку забава во вашиот плакар, ова е Инстаграм профилот што ќе ве инспирира тоа да го направите на вистинскиот начин.

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada.avornic)

Објавено:
21 август 2023
Категорија: 
Портфолио