Немате инспирација за деловни стајлинзи - најдете ја кај оваа 40+ блогерка

8 март 2021

Не постои жена која во еден момент не го погледнала плакарот и изговорила: „Немам што да облечам“. Сепак, стилистката и блогерка Јулија Муних вели дека се работи за недостаток од инспирација, а не недостаток од облека.

Таа има свој блог, но и веб страна, каде на жените им ги нуди своите услуги на располагање, кои се однесуваат на дефинирање и подобрување на стилот.

Разгледувајќи го нејзиниот Инстаграм, сфативме дека стилот на оваа 40+ блогерка е микс на женственост и класичност, па токму тука видовме инспирација за деловни изгледи.

Често исти парчиња ги става во различен контекст (токму она што ни е потребно), а предност им дава на здолништата и блејзерите.

Боите најчесто се неутрални, но можат да се најдат и посмели примери.

А дел од нив ќе ви покажеме во продолжение:

 

Објавено:
8 март 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
7.549 пати