Од блогерка до Мет гала: Оваа Бразилка е рамо до рамо со познатите ѕвезди

9 мај 2019

Почна срамежливо како блогерка за козметички производи, а денес е една од највлијателните личности на Инстаграм.

Со самото тоа што годинава доби покана од Ана Винтур за да присуствува на Мет галата, јасно е дека е рамо до рамо со познатите ѕвезди.

Нејзиното име е Камила Коељо и сигурни сме дека ви е добро познато. Звучното презиме, кое е едно од најчестите во Бразил, и кое го дели и со познатиот автор Паоло Коељо и помогнаа побрзо да ја запознае јавноста. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 8, 2019 at 5:47pm PDT

 Иако е родена во Бразил, во детството се сели во Америка и основно училиште завршува во Пенсилванија. Средното го запишува во Бостон, каде сè уште живее, иако постојано патува за Њујорк и Лос Анџелес. 

„Првата работа што ја имав беше продавач и консултат за шминката на Диор во „Мејсис“. Таа работа ми покажа колку всушност ме привлекува козметиката и убавината. Станав мејкап артист, а во тоа време го открив и „Јутјуб“. Никој тогаш не знаеше колку се моќни социјалните медиуми, ниту пак јас знаев дека тоа ќе биде моја работа еден ден“, вели блогерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 6, 2019 at 3:13pm PDT

 Во првите 12 дена од формирањето на блогот имала 120.000 посетители. Тоа станало нејзина страст и комплетно се посветила на тоа, па денес ја следат 7.8 милиони на Инстаграм. Кога е заработувачката во прашање, минатата година постоеше податок дека една нејзина објава чини речиси 11.000 долари.

„Ја оставив козметиката и се посветив на блогот. Како поминуваа месеците, така брендовите почнуваа да ме бараат за соработка. И додека се свестам, седев во првите редови на ревиите и бев на насловните страни на магазините“, вели Коељо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 6, 2019 at 9:04pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 7, 2019 at 6:32am PDT

Покрај сета убавина на работата се случуваат и непријатни ситуации.

„На една ревија носев свилени панталони, кои пукнаа, а јас седев во првиот ред. Среќа во целата ситуација беше тоа што носев палто, па со него се покрив и успеав да им избегам на фотографите“, открива блогерката. 

Таа додава да се има седум милиони следбеници не е стресно, но носи голема одговорност. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 7, 2019 at 3:23pm PDT

 „Секогаш се трудам да праќам добра порака и да влијаам врз луѓето на позитивен начин. Најдобриот совет што го добив на почетокот, кога започнував со свој бизни е да верувам во себе, да работам напорно и никогаш да не се плашам од неуспех, а токму тоа би го порачала и на читателите од другата страна“.

И покрај тоа што ги следи трендовите, има еден што не може да го поднесе.

„Екстремно темните, речиси црни усни, никогаш не ми се допаѓале. Но, во секој случај, морам да признам дека на некои луѓе добро им стојат“.

Таа за само две години стана некој што инспирира многу млади девојки, особено во Бразил и Португалија. Но, и оваа млада блогерка има свои омилени ликови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 4, 2019 at 7:31am PDT

 „За мене Ким Кардашијан дефинитивно е „бјути" кралица. Секогаш изгледа прекрасно, со различна и инспиративна шминка и коса. Навистина ја сакам и секогаш со нетрпение чекам да видам каков ќе биде нејзиниот избор на следна голема манифестација и кога е модата и кога е козметиката во прашање“- открива пред 3 години, а пред неколку дена чекореа по истиот црвен килим на Мет галата.

Првиот производ од декоративна козметика што го употребила е црвениот кармин.

„Не знам дали се смета ова, но навистина, кога имав пет години се шминкав со црвениот кармин на мајка ми. Тој е дел од моето минато, имам многу фотографии од детството токму нашминкана со него, вклучувајќи ја и мојата прва фотографија за пасош!“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 27, 2019 at 2:46pm PDT

 

Шминката ја сака, и ја користи речиси секој ден, а се користи и со трикови.

„Наутро, лицето си го мијам со студена вода, а потоа го чистам. Во деновите кога имам снимање, или треба да се фотографирам, а особено ако се работи за утрински часови, за да ги отстранам подочниците, поспаното и подуено лице, користам еден трик со мраз. Ставам мраз во кесичка, а потоа ја обвиткувам со памучна крпа, за да не ми ја „изгори" кожата и ја ставам на цело лице, со благи притискања и така 5-10 минути. После тоа, кожата изгледа свежа и подготвени сте за сè што следи. Никој нема да знае дека само што сте станале од кревет“, сподели 30-годишната блогерка.

А на прашањето, дали има некој необичен ритуал за убавина ќе каже.

„Масажа на лице. Го масирам цело лице, вклучувајќи и движења кај усните и веѓите. Изгледа неверојатно чудно и необично, па ја правам само кога сум сама дома. Тоа ми е трик од мајка ми'.

Покрај овие совети, во продолжение ви презентираме и неколку нејзини модни комбинации за кои сме сигурни дека ќе ги инспирираат девојките и младите жени:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 26, 2019 at 1:46pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 28, 2019 at 4:50pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 24, 2019 at 7:54am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 18, 2019 at 2:13pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 17, 2019 at 3:09pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 13, 2019 at 3:50pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 14, 2019 at 1:57pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 9, 2019 at 6:48pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onApr 3, 2019 at 2:38pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMar 28, 2019 at 7:17am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMar 23, 2019 at 2:51pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) onMay 4, 2019 at 12:35pm PDT

Објавено:
9 мај 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.750 пати