Доколку имавте можност да го посетите годинешното издание на Моден викенд Скопје, тогаш голема е веројатноста дека го забележавте ова исклучително шармантно и згодно момче.
Серџо Спасов веќе три години е дел од модната агенција Моделс Ин која му помогна да изгради одлична кариера на модел во САД.
По неколку години работа во странство, тој се враќа во Македонија како фитнес – модел, професија која иако сѐ уште е недоволно застапена на овие простори, има светла иднина.
Спасов кој по природа е амбициозен и решителен, во меѓувреме ја откри формулата за успех во светот на моделите - фитнес тело и здрав изглед.
Од неодамна, тој е повторно во Скопје, каде работи и подучува момчиња и девојки како да изградат здраво и фитнес тело исклучиво на природен начин без никакви хемиски додатоци и суплементи.
Помеѓу неговите последни настапи беше и оној на Модниот викенд во Скопје, конкретно, на ревијата за Паоло Бочели.
Со оглед на тоа што според многумина фитнес – модел е една од најбараните професии на иднината, успехот на Серџо Спасов е и повеќе од гарантиран.
Фотографија: Стефан Соколовски