Џиџи Хадид и Кендал Џенер се најпопуларните лица на новата генерација супермодели. Но, по завршетокот на модната недела во Париз за висока мода, светските медиуми, а особено модниот свет забележа ново лице, за кое велат дека е најголемата конкуреција на Кендал.

Се работи за Тејлор Хил. За време на модниот месец каде беа претставени есенските колекции, таа се појави дури во 20 модни шоу-а.

Исто така, Тејлор е еден од новите Ангели на Викторија, а во нејзината професионална биографија стојат и неколку големи модни кампањи. Дека веќе е навистина лице што многумина сакаат да го гледаат, говори и фактот дека на социјалната мрежа Инстаграм има преку 740 илјади следбеници.

Во 2013 година беше заштитното лице на Интимисими. Во 2014 година позираше за H&M. Оваа година беше изгласана за „Најветувачки модел“ од страна на читателите на Couturesque.

Оваа година се појави и во рекламната кампања на Versus, а работела и во неколку модни магазини, како Elle, Glamour, Marie Claire.

На пистата зачекорила за бројни познати брендови меѓу кои и Алберта Ферети, Версаче, Армани, Каролина Херера, Шанел, Дона Каран, Долче и Габана, Ели Сааб, Александар Ванг, Ралф Лорен, Вивијан Вествуд, Виктор и Ролф и многу други.

Тејлор за Шанел и Меквин

Со оглед на тоа дека има 19 години, прашање на време е кога оваа девојка ќе блесне на модната сцена во полн сјај. Со висина од 176 сантиметри, сино-зелени очи и пропорции 81-56-84, несомнено ќе успее во тоа. 

Објавено:
24 јули 2015
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
4.209 пати