Поранешна балерина сега е позната модна блогерка – романтичен имиџ со модерна нота

24 август 2019

Ако обожувате „бумбарести" ракави, масивни панделки, флорални принтови, тантела и карнери, односно се пронаоѓате во романтичната естетика, тогаш ви препорачуваме да го следите Инстаграм профилот на Стефани Хил.

Романтичнот стил веројатно ќе биде ваша заедничка тема на интерес, а на нејзиниот блог ќе пронајдете инспирација што ќе ве охрабри да сонувате со отворени очи.

Стефани Хил е поранешна балерина која се преориентирала во светот на модата, а тоа го направла очигледно навистна успешно.

Актуелна е со нејзинот моден блог „The Style Bungalow", а стационирана е во Мајами, Флорида, иако често нејзина дестинација се различни егзотични места низ светот.

Во нејзиниот стил ќе препознаете нежност, женственост, елеганција и грациозност – карактеристики што веројатно ги има пренесено од балетот, а адаптирани во моден контекст.

Уживајте и инспирирајте се.

Објавено:
24 август 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.972 пати
Тагови: 
портфолио