Портфолио: Барбара Палвин манекенка по која се крева прашина

5 декември 2013

Барбара Палвин е 20 годишна унгарска манекенка и актерка со почетоци во филмската индустрија. На свои 13 години во 2006-та таа е забележана од ловците на манекенки на улиците во Будимпешта. Охрабрена дека може да успее во модниот бизнис, таа оди во Азија, каде ужива во успесите на својата почетничка кариера. Во 2010 година, се враќа во Европа каде за прв пат настапува на ревија на Прада во Милано, за токму оттука да биде забележана и ангажирана активно од многу дизајнерски имиња.

 

Плвин досега била дел од ревиите на: Миу Миу, Луј Витон, Кристофер Кејн, Шанел и многу други, а од 2012 година таа е и ангел на „Викторија Сикрет“. Многупати била дел од  едиторијали за европските изданија на престижниот Вог, а стана и заштитно лице на Лореал. Инаку, во 2014 таа за прв пат ќе се појави и на филмското платно, каде има своја улога во филмот Херкулес, чија премиера е закажана за 25-ти јули 2014 година.

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Портфолио