Модна икона на сите времиња, со епитет на „лоша девојка“, која многу пати досега ја красела насловната на едно од најпознатите списанија во светски рамки, Вог. Девојка која живее на работ со сто на саат, со многубројни жешки љубовни авантури и проблеми со дрогата. Кариерата ја почнува на 14 години и за само две години успева да се најде на насловната на списанието The Face,  а набргу потоа снима рекламна кампања за Ив Сен Лоран. Голема пријателка и инспиративна муза на најпознатиот моден фотограф Марио Тестино. Веќе долго време е една од девојките со најголема заработка во светот на модата. Американскиот Вог во 2010 година ја прогласи за најдобро облечена жена на деценијата. Во јули, 2011 стапи во брак со Џејми Хинс од  The Kills.

Датум на раѓање – 16.01.1974

Држава – Англија, Велика Британија

Агенција - IMG Models, Storm Model Management, Marilyn Model Agency, D'management Group

Висина – 170 cm

Боја на коса – Смеѓа

Боја на очи – Лешник

Гради – 86

Струк – 66

Колкови – 90

Насловни страни – Била на сите насловни на списанија, а на британски Вог се појавила рекордни 30 пати

Рекламни кампањи - Gucci, Versace, Dolce & Gabbana, Calvin Klein, Yves Saint Laurent, Chanel, Rimmel, Longchamp, Bulgari, Burberry, Belstaff, Christian Dior, Roberto Cavalli, Stella McCartney

Ревии - Chanel, Chloé, Christian Dior, John Galliano

Објавено:
4 јуни 2013
Категорија: 
Портфолио