Еден од најпознатите модни фотографи, Марио Тестино е роден во 1954 година, во Лима, Перу. Во Лондон доаѓа во 1976 година, се сместува во стан во напуштена болница во близина на Трафелгар плоштадот и започнува да ги продава портфолија – 25 долари, со вклучена коса и шминка, за сите оние што сакаат да бидат модели.

Денес, тој е еден од најпознатите, најдобрите и најпрофесионалните фотографии на модната сцена. Фотографирал голем број модни кампањи, како и едиторијали, couture сцена и сл.

Исто така, со оглед на фактот дека стекна светска репутација, Тестино ја сликаше и Мадона за Версаче, како и принцезата од Велс, Дијана, за фамозната насловна на Vanity Fair во 1997 година. Неговата популарност кај дизајнерите и модните уредници се должи и на професионалноста, добрата природа, како и неоспорниот талент да направи убава, квалитетна фотографија, која продава облека.

Во продолжение погледнете некои од фтографиите од портфолиото на Тестино.

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Портфолио