Портфолио: Професионалноста на Елена Здравковска и' ветува голема кариера
•
21 октомври 2014
Елена е ученик во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, а за само една година колку што е дел од модната агенција „Моделс Ин“ со својата доследност, одлучност и професионалност во извршувањето на ангажманите, придонесе да биде дел од неколку проекти, како што се рекламата за Нектар – пиво, ревии за Fashion & Friends, а неодамна беше на кастинг во Белград за потребите на International Model Scouting.
Возраст : 17 години
Висина: 1, 73 сантиметри
Пропорции : 82 – 61 – 86
Боја на очи : сина
Боја на коса кафена