Портфолио Саша Петковски – Шармантно и згодно момче со големи амбиции

11 април 2014

Младиот и сексапилен Саша Петковски е македонски модел кој стана експресно популарен откако беа објавени фотографиите од снимањето на евровизискиот запис на Тијана Дапчевиќ.

Згодниот Саша има 27 години, а манекен е неполна година. Својот ангажман го започнал откако го запознал македонскиот модел Алек Наумовски од Моделс Ин кој денеска е негов агент.

Со својот специфичен изглед и импресивна висина од речиси два метра, за многу кратко време стана еден од најбараните македонски модели, како за ревии, така и за рекламни кампањи.

Во меѓувреме, шармантниот Саша работи во Министерството за одбрана и манекенството го гледа единствено како интересно хоби.

Покрај неговите останати интереси, Саша редовно спортува, се храни здраво со што и постојано го подобрува својот изглед.

Веруваме дека досега Саша го запознаа многу девојки, а доколку некоја од вас сѐ уште немала прилика да го види, во галеријата можете да уживате во неговите прекрасни фотогафии, додека сме во исчекување на видео записот на Тијана во кој тој ја има главната улога.

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Портфолио